1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се придобие Сирија за спроведување на резолуцијата на ОН за Либан?

Сабине Адлер15 август 2006

Се смета дека без земјата која има блиски врски со Хезболах не е можен траен мир во регионот. Обид на Штајнмаер во Дамаск

https://p.dw.com/p/AdyX
Сирискиот главен град Дамаск
Сирискиот главен град ДамаскФотографија: dpa

Сирија досега не се приклучи кон борбата против меѓународниот тероризам и затоа САД ја гледаат како непријател. Се смета и дека е испорачувач на оружје за милицијата на Хезболах, таа е стигматизирана од Западот по убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Освен тоа, не се оствари ни нејзината сметка дека по бомбардирањето од страна на Израел Либанците ќе копнеат да се вратат старите времиња, односно на сириската окупација – сево ова се можни мотиви да се бара разговор.

Франк-Валтер Штајнмаер сака да се обиде, и покрај скептичната реакција во Ерусалим. Притоа, нема изрично ветување дека Сирија како награда би ја добила назад од Израел окупираната Голанска висорамнина. Претходната посета на Аман беше важна подготовка за Штајнмаер, оти Јордан ги интензивира економските контакти со Сирија и многу добро ги знае тамошните внатрешни состојби - а требаше да биде удостоена и неговата воздржаност спрема Израел.

Идното поврзување на Сирија во меѓународната заедница ќе зависи и од тоа дали Дамаск ќе ја поддржи резолуцијата 1701 на ОН. Тоа претпоставува таа земја еднаш за секогаш да се откаже од сопствените окупаторски сништа во Либан.

Од друга страна, во рамките на планираниот ангажман на мировни сили на ОН во Либан, во Германија се дискутира за можно учество на Бундесверот, чии војници евентуално би биле стационирани на границата на Либан кон Сирија. Како би реагирала Сирија? Ни со целосно одбивање, ниту посебно израдувана – вели Карстен Виланд, познавач на состојбите: „Германските трупи би биле скептично оценети од Сирија, едноставно оти Израел толку многу си дозволи и рече дека сака трупи и таму. Мислам дека тоа во моментов не и’ е многу од полза на германската страна“.