1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се реформира германската контраразузнувачка служба?

Гинтер Биркеншток/ Симе Недевски4 јули 2012

Германскиот министер за внатрешни работи сака да ја реформира службата за заштита на уставот. Некои експерти пак поради се’ побројните афери и грешки се залагаат за укинување на оваа служба за контраразузнување.

https://p.dw.com/p/15QwT
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Истражната комисија на Бундестагот за терористичката група Националсоцијалистичко подземје (НСУ) е постојано конфронтирана со нови прашања.  На почетокот на неделава стана познато дека италијанската служба за државна безбедност АИСИ  во 2003 година  го информирала својот германски пандан Сојузната служба за заштита на уставниот поредок за плановите за напади на неонацистите.Потоа пак беше објавено дека , службата за заштита на уставот незадоволувачки го истражувала нападот во 2004-та година во Келн во кој тешко беа повредени 22 лица.

Со оглед на грешките во истрагата во аферата со неонацистичката терористичка група , германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих изјави дека грешките не смеат да останат без последици. По предвременото заминување од фунцијата на претседателот службата за заштита на уставниот поредок Хајнц Фром, за 31 јули ќе се разговара и за реформи во оваа служба. Но прашањето е меѓутоа како овие реформи ќе изгледаат и како е возможно да се воспостави посилна контрола врз работата на оваа германска служба за државна безбедност и контраразузнување.

Треба да има посилнa анализа

  За политикологот и експерт за десниот екстремизам Хајо Функе, кој како гостин учествува во работата на Истражната комисија на Бундестагот за НСУ, во моментов се’ уште не може да се предвиди каква контрола би можела да се воспостави: „ Во секој случај треба да бидат изградени нови структури, кои ќе бидат во состојба да го сфатат феноменот на десниот екстремизам. на промер научни набљудувачки функции и независни експерти. Потребна ни е многу поотворена структура , која навистина аналитички ќе и приоѓа на сржта на проблемот што го имаме со десниот екстремизам“.

Bundesamt für Verfassungsschutz
Фотографија: picture-alliance/dpa

И досега имено имаше контрола врз службата за заштита на уставот , и тоа од страна на сојузното и покраинските министерства како и од страна на парламентарните комисии , но очигледно тоа не е доволно.

Припадниците на службата имено често работеле сосема самостојно и превидувале или погрешно толкувале важни индиции. Пратеникот на владејачката Либерална партија во Бундестагот Патрик Курт кој истотака е член на Комисијата за истрага на НСУ истакна дека во аферата со нацистичката терористичка група треба да се размисли и за правни чекори против службата за заштита на уставниот поредок.

Рецидив од Студената војна

Новинарот и експерт за десен екстремизам Тис Марсен пак смета дека таа не може да се реформира и се залага за нејзино укинување. Фактот дека службата превидела или игнорирала бројни индиции, според него барем во дел може да се објасни со историјата на оваа институција:

„ Службата за заштита на устравниот поредок се разбира е дете на Студената војна, кога еден наспроти друг стоеја два непомирливи блокови. таа беше пред се’ насочена кон истокот , против Германската Демократска Република, против вистинските и наводните влијанија на комунистите. Затоа нејзиното околу секогаш беше повеќе насочено кон лево“.

Bundeskriminalamt Bundesamt für Verfassungsschutz
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

Контраразузнувањето може да го преземат други

Покрај тоа познато е дека оваа служба беше изградена од луѓе меѓу кои имаше и нацистички злосторници , а дел од нив предводеа операции за задушување на отпорот против нацистичка Германија во окупираните земји. Се разбита ситуацијата во службата за заштита на уставот повеќе не е споредлива со онаа пред 50 години меѓутоа:

„Овој дух е се’ уште присутен и затоа таму и денес повеќе се гледа кон лево отколку кон десно“, вели Тис Марсен.

Тој смета дека општата полза од германските контраразузнувачи е загубена и оти службата  има големи проблеми. Според Марсен службата за заштита на уставот е непотребна. Нејзината работа можат да ја преземат и други а делумно тоа и се случува , на пример во полицијата од која досега контраразузнувачите јасно се разграничуваа и со тоа спречуваа контруктивна соработка.