1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како до нов пасош за иселениците?

24 февруари 2010

Постапката за издавање нов пасош во Македонија трае со месеци. Како можат полесно да дојдат до него оние кои живеат во Германија?

https://p.dw.com/p/MA8k
Фотографија: AP

Конзуларното претставништво на Република Македонија во Бон им советува на сите граѓани, заинтересирани за добивање нова, биометричка патна исправа, да поднесат барање најдоцна до 1 март.

Писмено или телефонски треба да ги достават следните податоци: име и презиме, ЕМБГ, последно место на живеење во Република Македонија, мобилен или редовен телефон за контакт како и точна адреса на живеење во Германија.

Во периодот меѓу 15 март и 16 април во претставништвото во Бон ќе престојува и мобилна станица, што ќе прима барања и биометриски податоци од државјани на РМ, за кои не постојат законски пречки за поднесување на барањето. Подетални информации македонските граѓани можат да добијат во конзуларното преставништво.