1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како до пријатна слика?

7 март 2007

На годинашниов туристички саем во Берлин, Индија е земјата партнер. Со голема рекламна кампања оваа земја се обидува да ја развие туристичката бранша и да привлече што повеќе гости. Притоа треба да доминираат пријателска атмосфера и насмевки. Но, како да се постигне тоа:

https://p.dw.com/p/AeJ9
Повелете во Индија!
Повелете во Индија!Фотографија: AP

За мноугмина посетители на Индија, рикшите и натаму можат да претстуваат ден вид спортски предизвик. Меѓутоа, валканоста и турканиците, претерано настојчивите продавачи и туристичките водичи и натаму ја засенуваат сликата на Индија како туристичка дестинација. Алберто, турист од Шпанија е нервозен:

„Еден тип од туристичкото биро се обиде да ми го украде багажот. По улиците те атакува маса луѓе што нешто продаваат„.

Рекламниот спот „Неверојатна Индија„ во илјадници бои, природни убавини и домаќинско пријателство. Слика што оваа дестинација се уште не ја постигнала, вели Рама Лутра. Таа работи во рекламна агенција во Њу Делхи и учествуваше во дел од кампањата што во Индија треба да овозможи повеќе свест за можностите на туристичката бранша:

„Кампањата ’Неверојатна Индија’ нема да ги исполни ветувањата ако првите луѓе што овде работат со туристите не се доволно добри. А, тоа не е случај. Посетителите од аеродромите веднаш се опколени од маса таксисти што се валкани, лошо облечени, груби и се обидуваат да го одвлечкаат секој турист„.

Друга кампања носи наслов „Гостинот е бог„. Важен дел од неа беа курсеви за однесувањето на таксистите. Учествуваа 175 илјади, но само на дел од часовите. Многумина не сакаа поради курсот да се откажат од приходите, а нема обесштетување. Така оваа програма на министерството за туризам предвреме беше запрена.

Државата во меѓувреме, става нови акценти. Со нови спотови апелира на повеќе чистотија и образование на персоналот на аеродормите и железницата. Првите успеси веќе се очигледни, вели Раџвир Митал:

„Ние не сме мала држава со 10 милиони луѓе, туку со една милијарда. Оттаму е потребно и многу време. Но веќе гледаме резултати од кампањата. Нам ни е потребна пријатна слика за нашите гости кои потоа натаму ќе раскажуваат – позитивно или негативно„.