1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како до стипендии за Германија и Европа?

4 јуни 2011

Германската служба за академска размена подржува студенити, постдипломци и научници во Германија и во странство. На европско ниво, меѓутоа најпознати се програмите за размена на студенти Еразмус и Еразмус Мундус.

https://p.dw.com/p/11TWD
Фотографија: Matthias Enter / Fotolia

Германската служба за академска размена е заедничка институција на германските високошколски институции за поттикнување на меѓународната академска размена. ДААД финансира годишни и краткорочни стипендии за поединци, но и групни програми, студентски патувања или пракси. Оваа институција исто така поддржува и конкретни проекти на соработката меѓу германските и странските факултети на научно ниво, на пример престој во некој од истражувачките центри кои се надвор од универзитетските центри.

Logo DAAD
Фотографија: daad

ДААД доделува и стипендии за странци и тоа од сите научни области. Некои од програмите се конкретно наменети за студентите кои се во финишот на студиите.

Сите заинтересирани странски студенти може да се информираат во ДААД за конкретни и актуелни можности за научен и студиски престој во Германија. Освен ова на многу универзитети ширум светот работат лектори на ДААД, кои им даваат совети на студентите.

Еразмус најпознатата европска програма за размена на студенти

Еразмус програмата постои веќе 20 години и е програма на Европската унија која ја подржува прекуграничната мобилност на студентите, доцентите и научниците на европските партнерски универзитети.

Erasmus Austausch Studium
Студенска размена преку програмите на ЕразмусФотографија: DW

Студентите од земјите членки на ЕУ можат да добијат едногодишни или краткорочни Еразмус стипендии за престој на пример во Германија. Студентите може да се информираат преку интернет или доколку постои канцеларија на Еразмус на матичниот универзитет.

Еразмус Мундус пак е наречена програмата која поддржува академска размена во целиот свет и нуди стипендии. Повеќе од 100 студиски правци се вклучени во оваа програма. Овие студиски правци се настанати во соработка на најдобрите факултетит во Европа. Студиите како и стипендиите се во служба на подобар квалитет на образованието на младите генерации, како и будење интерес ширум светот за европските високошколски институции.

Автор: Габи Ројхер/ Александра Трајковска

Редактор: