1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како една книга станува бестселер?

19 ноември 2009

Зошто некои книги стануваат бестселери, а некои не? Дали причина е големото медиумско внимание, содржината или наградите? Многу често успехот на некоја книга претставува големо изненадување и за авторите и издавачите.

https://p.dw.com/p/Kavi
Последната книга-бестселер на Ден Браун „Изгубениот симбол“ беше проследена со масивна рекламаФотографија: Volzana Anders

Сметам дека токму тоа е еден пример, дека луѓето купуваат книги по совет на своите пријатели чиј суд го ценат и кои им велат: Како? Се’ уште не си го читал тоа? Мораш да го прочиташ?

Гудрун Фендрих од издавачката куќа Кипенхојер и Вич не говори за бараните книги кои ги издала нејзината куќа, туку за три книги кои во моментов ги читаат сите: крими-трилогијата на шведскиот писател Стиг Ларсон. Тој не го доживеа меѓународниот успех на неговото дела. Почина во 2004 година од срцев удар пред да бидат објавени неговите книги.

Рекламата сама по себе не гарантира успех

Меѓутоа, трагичната судбина на авторот, не е причината за успехот на неговите книги, туку пред се’ фактот дека читателите го сакаат невообичаеното дуо главни јунаци во неговите романи, кои не се полицајци, туку борбен новинар и социјално неприлагодена, но многу интелегентна компјутерска хакерка. Двајца модерни самци од метропола кои со општествено- политички сензибилитет им влегуваат во трагата на криминалот и корупцијата во глобално вмрежениот свет.

Buchcover Harry Potter Großbritannien
Многу издавачи не препознале дека книгите за Хари Потер ќе бидат огромни хитовиФотографија: AP

Гудрун Фендрих разликува два типа на успешни книги. Едни до успехот стигнуваат преку препораките и сами си го пробиваат патот. Другите добиваат големо медиумско внимание. Треба да се напомене дека во тој случај сите извештаи мора да се појават истовремено, инаку успехот изостанува: „Рекламата во класична смисла сама по себе не може да гарантира успех. Таа може само да го засили ефектот“.

Успехот на Хари Потер бил изненадување за многумина

Но за да се препознае кое дело ќе постигне успех, потребна е голема вештина. Издавачите не се секогаш успешни во своите проценки. Познат пример за тоа е неспоредливата приказна на успехот на книгите за Хари Потер. Елизабет Руге, од издавачката куќа Берлин вели:

„Сепак мора да се каже дека Хари Потер, поточно писателката Џоана Роулинг долго бараше пред да најде издавач. Многу издавачки куќи одбија да ги издадат авантурите на Хари Потер.“ Се’ додека на издавачката куќа Блумбери од Лондон, не и‘ се допадна Хари Потер.

„Но и тие започнаа со мал тираж од книгата и немаа поим дека книгата ќе биде огромен светски успех.“ Значи, светскиот успех кој го постигнува некоја книга понекогаш е големо изненадување, и не е доволно тоа што издавачите честопати сметаат на познатите автори. Често, имено, се случува потполно непознат автор со својот книжевен првенец да ги освои срцата на читателите ширум светот.

Сепак по правило, писателите постигнуваат успех најнапред во својата земја и на тој начин го свртуваат вниманието на странските издавачи.

Автор: Кристел Вестер/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска