1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како изгледаат задачите на Бундесверот во Авганистан

29 јули 2007

Германскиот воен ангажман во земјата има три одвоени мандати од Бундестагот

https://p.dw.com/p/BNFX
Германски војник во АвганистанФотографија: AP

Едниот се однесува на учеството на Бундесверот во рамки на меѓународните заштитни сили ИСАФ, со нешто помал обем на делување во нивниот состав. Вториот се однесува на учество во операцијата Ендјуринг Фридом со испраќање на борбени авиони од типот Торнадо, кои го набљудуваат теренот. Но со оглед на фактот дека терористичките акции се проширија на целата атериторија на Авганистан, делувањето на силите на НАТО, бара координацијата на сите сојузници. Притоа не се важни национално политичките разлики. Како изгледа тоа на теренот забележа Кристоф Хајнцле, кој беше во посета на командата на ИСАФ во Кабул

Кога неодамна беа киднапирани двајцата германски инженери своите извори на иформирање ги отворија и експертите на заштитните сили ИСАФ. Тоа е нешто шт се подразбира, вели капетанот Карстен Вебер, експерт за набљудување со седиште во Кабул

“ Се обидовме уште за време на киднапирањето на французите да помогнеме во лоцирање на киднаперите и да процениме што би можело да се случи со нив. Исто како и сега со германците“

Притоа помош пружаат и авионите од типот Торнадо. Снимките од воздух се пренесуваат на компјутер. Хербер Нојхаус ги обработува податоците:

“ Во мојот совтфер се ставени сите слики од воздух, кои јас понатаму ги пренесувам на надлежните. Пристап до нив имаат само припадници на ИСАФ силите“

Нојхаус има мандат од Бундестагот, кој треба всушност да се разликува од оној на војниците во антитерористичката коалиција на чело со САД. Меѓутоа и на заштитните сили на ИСАФ, кои сега се под команда на еден американски генерал. Нојхаус вели дека тоа влијае врз неговбата јасна задача:

“ Не би можело да се каже дека сме американизирани. Допуштено е секоја земја да ги каже своите замерки во рамки на својот мандат. Тоа сите го прифаќаат“

Сепак не би можело да се повлече јасна линија на разграничување во надлежностите на ИСАФ силите, кон мисијата Ендјуринг Фридом. Откако делувањето на силите е проширено на целата територија на Авганистан потребна е добра координација на одделните мисии:

“ Нашите задачи ги усогласуваме. Онаму каде делуваат американските единици ние не се мешаме, ниту пак тие во нашите акции“ вели германскиот генерал Јозеф Хајнрикс кој е на чело на оперативниот центар на ИСАФ силите.

Тука се слеваат сите информации и потоа следува акција и напади врз талибанците. Бундесверот тука е дел од делувањето на ИСАФ, дури и во јужниот дел на Авганистан, каде се водат судири и каде германските војници не смеат да стапнат, бидејќи станува збор за воени дејствиа.

Командант на силите на ИСАФ во моментов е американецот Мекнил, но над него е германскиот офицер и шеф на штабот, генерал Бруно Касдорф. Тој објаснува:

“ Шефот на штаб е човек кој на команирот му дава налог и ги прима неговите информации. Тоа го координира овој штаб на силите на ИСАФ“

Касдорф вели дека тој и неговиот американски колега се одговорни само пред мисијата на ИСАФ, односно НАТО, но никако пред Пентагон.

Инаку основа за сите акции се токму снимките од авионите на Бундесверот кои ги прцеснуваат германските експерти:

“ Информацијата за тактичкото распоредување на одрдени позиции оди преку нас и ние се обидуваме оперативно и стратешки да ги планираме“

Се има за цел брза информација и уште побрз делување на теренот, објаснува генералот Хајнрикс

“ Мораме да бидеме спретни бидејќи во проценката на ситуацијата на теренот мораме да бидеме побрзи и од Си Ен Ен. Најчесто и успеваме во тоа“