1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како Македонија ја дочекува веројатно финалната фаза од решавање на косовското прашање?

Александар Чомовски 20 јули 2007

На Македонија и е потребна стратегија за евентуално унилатерално прогласување на независност на Косово и продуктивна дебата за сите опции - сметаат некои политички експерти во Македонија.

https://p.dw.com/p/BKCk
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Билатералните преговори меѓу Белград и Приштина нема да успеат и Македонија треба да има стратегија за евентуална унилатерална прогласена независност од властите во Приштина. Ова пред три години во книгата „Демистификација на Балканот и Европската унија“, го напиша аналитичарот од Скопје Суад Месими „Она што е важно е дека неможе да има став кој е потполно независен, ниту може да има став кој ќе одговора на една или друга политичка опција внатре во Република Македонија. Она што и е потребно на Русија, да не зборувам на Србија е тотално неутрален став од страна на Република Македонија. Така што мислам дека ние како држава треба да го градиме нашиот став врз основа на колективниот став на Брисел со надеж дека САД евентуално не би правеле притисок знаејќи ја нашата специфична сосотјба.“

Во Македонија не се води продуктивна дебата за сите опции

Неодамна поранешниот министер за наворешни работи Денко Малески се огласи со предупредување, во Македонија не се води продуктивна дебата за сите опции околу идниот статус на покраината. Односите меѓу големите сили не се синхронизирани и Русија сака да наметне присуство во регионот, вели професор Денко Малески „Се гледа дека Русија се обидува да искористи една ситуација во која се наоѓа Америка пред се’ со Ирак, па потоа слабиот рејтиг кој Америка го има во ОН, да неметне некои свои агенди, кои немора директно да се врзани за Балканот, туку повеќе визави односите со другата голема сила, внимателно да следиме што ќе биде наредниот чекор. Прокалмирањето независност од страна, едностарана од страна на Косово би било лошо. Од друга страна предолго трае овој недефиниран статус и анализите покажуваат дека тешко се оддржува стабилност во еден регион кога легитимитетот се црпи од Њујорк или од Брисел.“

Еднострано прогласена независност, без државен договор може да има лоши последици на Балканот

Косово повеќе не е зависно од Белград, но Македонија е зависна од ставот на меѓународната заедница. Каква иднина на новата држава? пратеникот Слободан Чашуле вели

„Никакво присоединување со други држави, никакви анексии, никакво созадавање на големи држави уште понајмалку големо Косово. Потоа да се обврзе на никакви приклучувња, на крајот да нема стоечка армија, да не се меша во внатрешните работи на другите држави и да биде гарант на стабилноста со тоа што ќе се обврзе да не прелева повеќе кризи како што тоа досега го чинеше.“

Еднострано прогласената независнот од Косово во услови кога не е потпишан државен договор, со гаранција од меѓународната заедница, како што тоа беше случај со независноста на Австрија, ќе има лоши последици за Балканот, вели понатаму Чашуле „Ако Косово прогласи едностарана самостојност сега, тогаш Балканот повторно ќе се најде на масата за делби и виорот ќе ја опфати и Република Македонија и тогаш навистина ќе доживееме процеси кои уште сега ги заговараат некои ретроградни умови кај нас.“ изјави за Дојче Веле Слободан Чашуле, поранешен шеф на македонската дипломатија.