1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

CIA Verhörmethoden

24 август 2009

Уште во 2004 година, еден интерен извештај на ЦИА ги критикуваше методите на сослушување кои ги користи американската тајна служба. По долги политички натегања, тој ќе биде објавен денеска (24.08.2009) попладне.

https://p.dw.com/p/JHA2
Фотографија: dpa

ЦИА не би го објавила доброволно овој извештај: таа беше принудена со одлуката на судијата во Њујорк. Тој го наложи објавувањето на тајните извештаи, откако една организација за човекови права поднесе тужба против тајната служба. Како и да е, јавноста нема да ја види оригиналната верзија на документот, туку ЦИА ќе го објави во скратена форма. Причината за тоа е што некои од податоците, што во 2004 година ги навел тогашниот главен инспектор на Агенцијата, се оценети како премногу доверливи за да бидат објавени. Не дека новиот извештај ќе предизвика нов скандал, веќе одамна доволно се знае за методите на испрашување што ги користеше ЦИА за време на владеењето на Буш. Во секој случај, документот фрла многу попрецизен поглед врз тоа како постапувала ЦИА со осомничените.

Сослушување со бормашина

Американските медиуми јавуваат дека дел од методите биле и симулирани убиства на други затвореници, како и закани со оружје. Во извештајот постојано се споменува едно име: Абдел Рахим ал-Нашири. Ал-Нашири потекнува од Саудиска Арабија и важи за еден од мозоците на терористичкиот напад врз американскиот воен брод „УСС Кол“ во 2000 година во Јемен, при што загинаа седумнаесет американски морнари. Од 2006 година, ал-Нашири е во затворот „Гвантанамо“, каде подлежел на т.н. тешки методи на испрашување. На пример, за време на едно сослушување во соседната ќелија бил испукан куршум, што требало да го наведе ал-Нашири да соработува, верувајќи дека некој од другите затвореници е застрелан.

Amnesty International Film über Folter Waterboarding
Злогласното симулирано давењеФотографија: picture alliance / dpa

Во други случаи, пак, агенти на ЦИА сослушувањето го вршеле со помош на електрична бормашина и оружје. Иако во годините на жестоката борба против тероризмот беа дозволени тешки методи на сослушување, меѓу кои и таканареченото симулирано давење, смртните закани со оружје, според постоечките закони, биле забранети.

Дали методите беа навистина ефикасни?

Агентот на ЦИА, кој го користел овој метод, доби дисциплинска казна, но иако неговиот случај беше проследен до министерството за правда, таму одлучија да не поднесувааат тужба против него. По овој случај, генералниот инспектор на ЦИА доби задача да достави извештај за методите на сослушување што ги користи тајната служба. Имаше различни информации околу тоа што кажал инспекторот во извештајот за полезноста од овие методи. Според едни, тврдел дека тие не биле ефикасни, според други, пак, дека благодарение на нив биле извлечени вредни информации од затворениците.

Neue Folterfotos aus Abu Graib
Смртни закани со оружје биле забранетиФотографија: AP

Токму ова ќе биде дебатата што сега повторно ќе се отвори во американската политика - дали навистина имаше polya од тешките методи на сослушување? А, во фокусот овојпат ќе се најде, пред се`, американскиот министер за правда, Ерик Холдер. Тој, во меѓувреме, размислува да спроведе специјална истрага за методите на сослушување во ЦИА. Ако се одлучи за ова, тогаш ќе и` се спротивстави на волјата на претседателот. Барак Обама постојано нагласува дека, според него, подобро е да се гледа кон иднината, а не погледот да се врти кон минатото.

Автор: Сабине Милер / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска