1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како се избира германски претседател?

16 март 2012

Во германскиот Рајхстаг, каде според уставот т.н. Сојузно собрание се собира само за избор на нов претседател на државата, подготовките се во полн ек. В недела (18.03) ќе биде гласањето.

https://p.dw.com/p/14KLm
Фотографија: picture-alliance/ ZB

До изборот на нов германски претседател остануваат уште три дена, подготовките се во полн ек.

До в недела Бундестагот треба да добие нов распоред на седиштата, за свикувањето на Сојузното собрание потребни се двојно повеќе од обично.

Во Сојузното собрание спаѓаат автоматски 620-те пратеници на Бундестагот. Уште толку делегати испраќаат парламентите на покраините, зависно од бројот жители. Германскиот претседател го избираат 1.240 луѓе.

Покраините често испраќаат познати личности, на пример феминистката Алис Шварцер или актерот Јан Јозеф Лиферс, за гласањето да не го вршат само политичари.

Конзервативните сега во Сојузното собрание имаат 486 седишта, социјалдемократите 331, Зелените-147, либералите 136 седишта, Левицата 124, останатите имаат 16.

За избор во првиот круг гласање кандидатот треба да добие повеќе од половината, значи 621 глас.

Германците овој посебен ден на кој се избира новиот сојузен претседател ги чини еден милион евра.

Автор: Маргрет Штефен/ Ж. Ацеска

Редактор: Симе Недевски