1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како функционираат берзите на нафта?

Рајнер Зитфелд20 јануари 2007

Еден ден на Њујоршката берза за енергија Нимекс

https://p.dw.com/p/AeJf
Брокерите во акција
Брокерите во акцијаФотографија: AP

Минатата година цените на нафтата имаа само еден правец:нагоре.Во летото 2006 година беше забележан рекорден износ од 78 долари за барел,а многумина експерти сметаа дека наскоро ќе падне магичната граница од 100 долари.Но,се се сврте обратно:досега незапамтено благата зима на земјината топка,а со тоа и кај најголемиот потрошувач на нафтата,САД,доведе до пад на цените.Повремено барел чинеше само 50 долари.Само од почетокот на годината цената на нафтата падна за 13 проценти.Притоа улога не изиграа ниту политичките напнатости како најновата нафтена блокада поради спорот меѓу Русија и Белорусија.

Како се формираат цените на нафтата?Маклерите не ги познаваат муштериите за кои настапуваат во рингот и продаваат огромни количини гас и нафта.Секој ден точно во 10 часот започнува мешаницата на Њујоршката енергетска берза Нимекс.

Тишина пред бура во неугледната управна зграда директно на Хадсон ривер.Секој ден точно во 10 часот во салата без прозорци во Нимекс берзата во Њујорк започнува вревата,брокерите во шарени сакоа започнуваат со викање од дното на грлото.Зашто,вербалната комуникација е душата на овој бизнис,и тоа наспроти сите електронски медиуми,вели Џорџ Геро,чиј глас веќе 40 години се грижи за обрт на милионски суми:

-Ова е исцрпувачка работа и често дома одам со болка во грлото и во нозете.

Онака како што пред 130 години се тргувало на берзата за млеко,од пред околу 30 гоидни се работи околу идните цени на енергенсите.Тука се среќаваат њујоршките берзански викачи во неозначените рингови за суровата нафта,бензинот,гасот.Тие нудат и продаваат,најќесто по налог на банките,не знаејќивистински кој продава нафта на пазарот,или кому итно му треба енергија до јуни:

-Никој овде не знае кои се продавачите и купувачите,можно е Русите да продаваат,можно е тоа да се Кинезите,ние не знаеме,зашто зад нив стојат различни банки.

-Разликата од јуни до јули е еден долар.Јули е поскап,зашто во јули доаѓа лето и автомобилите се почесто во погон.

Така некои предвидливи фактори влијаат врз конечната цена.Но,од 11 септември 2001 година наголем фактор е сосема друго нешто,вели Геро,кој смета дека веќе се доживеал:

-Цената е цена на страв.

Стариот господин кој надвор од рингот делува толку пријатно,инсистира дека тој не е шпекулант.Нимекс со нејзините цени на нафтата само ја одразува состојбата меѓу Иран,Нигерија или Венецуела:

-Значи,тоа не е наша цена,тоа е светска цена.

Од друга страна на многумина купувачи ,од големите авионски компании,до училиштата и слободните бензински пумпи им се гарантира снабдување со енергија по точно утврдена цена.Ако во меѓувреме бензинот во јули биде поефтин,тогаш купувачот едноставно немал среќа.

На берзата Нимекс се надвикуваат до 14,30 часот,иако можеби во моментот во рингот нема повеќе ниту еден купувач.Тогаш брокерите работат за сосптвен џеб,купуваат и продаваат во минимална разлика на цената се она што има.

-Понекогаш си одам дома и жената ме прашува:како беше денес:а јас често велам:може да биде во истиот ден да сум направил многу,а и да сум загубил многу.