1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канада и Русија: Студена војна за Северниот пол

Томас Шмит/ард/афпЖана Ацеска10 декември 2013

За претпоставените богатства на Арктикот се заинтересирани Русија, САД, Данска и Норвешка. Откако Канада побара ОН да и‘ признааат право на суверенитет над Арктикот, рускиот претседател го зајакнува военото присуство.

https://p.dw.com/p/1AW2r
Фотографија: imago/chromorange

Рускиот премиер Владимир Путин нареди зголемување на военото присуство во Арктикот, откако Канада достави барање до ОН за проширување на нејзиниот државен суверенитет врз оваа област. Путин би сакал руските воени сили да употребат посебно внимание во создавањето инфраструктура и стационирањето на воени единици, изјави тој во говор пренесуван преку телевизијата.

Откако Русија на почетокот на август 2007. година со спектакуларна подводна акција на 4200 метри длабочина го постави своето национално знаме на морското дно под Северниот пол, канадскиот конзервативен премиер Стивен Харпер се бори со сите сили - никој нема право на Канада да и‘ го одземе правото на Северниот пол и да ја оспори нејзината улога на чувар на Северот. Премиерот е дециден: суверентитетот над Северот и Арктикот е важна задача на патот кон иднината.

Во прашање е патриотизам, но сигурно многу повеќе - пристап кон вредните суровини кои се претпоставува ги има под поларниот мраз. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 13 проценти од досега неоткриените резерви вредни суровини и дури 30 проценти од наоѓалиштата со природен гас. Бидејќи со топењето на мразот, предизвикано од промената на климата, се олеснува пристапот кон природните богатства, секоја од приморските држави се стреми да обезбеди што повеќе за себе.

12.11.2013 Rußland Vladimir Putin zum Besuch in Vietnam
Владимир ПутинФотографија: KHAM/AFP/Getty Images

„Овие претпоставени количества и нивното присвојување е она што го поттикнува процесот“, вели Роб Хуберт од Универзитетот Калгари, кој со години го следи процесот на регулирање на границите во Арктикот, во кој државите од поларното крајбрежје, покрај Канада и Русија, тука се и САД, Данска и Норвешка, се обидуваат да ги докажат своите претензии.

Основа претставува Договорот на ОН за правата врз морињата, врз чија основа една комисија на ОН треба да реши до каде продолжуваат копнените маси на засегнатите држави под водата. Канада во последните десет години потроши 200 милиони долари за геолошки студии за да го обезбеди своето територијално претендирање врз Арктикот. Акцијата беше речиси завршена, но сега Отава уште еднаш го преработи своето барање до ОН и ги зголеми своите претензии за 1, 7 милиони квадратни километри, вклучувајќи го и Северниот пол.

Притоа Полот самиот е неинтересен како област со суровини, но се работи за престиж, зашто ниедна од „арктичките нации“ не сака предвреме да биде поразена:

„Сите земји веројатно имаат аргументи зошто Полот би требало да им припаѓа токму ним, а не на другите“, вели Хуберт.

Фактички се работи за релативно мала спорна површина, ненаселена: околу 75 илјади квадратни километри, област што е помала од Чешката Република. Но, сепак не се смета на брзо решение.

Само за проверка на канадските документи на надлежната комисија на ОН ќе и‘ требаат најмалку пет години, смета експерѕот за Арктикот, Хуберт. А тоа се однесува само на чисто научни податоци.

Должината и резултатот на последователниот политички процес се речиси непредвидливи:

„Ќе има преговори, дипломатски надмудрувања, сите познати работи. Колку долго тоа ќе трае, може секој да си претпостави“.

Каде да поминуваат границите на Арктикот, кому припаѓа Северниот пол, со овие прашања бирократијата во ОН уште долго ќе сезанимава, експертите прогнозираат резултат за околу 20 години, а тоа се сепак оптимистичко очекување.