1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каналите во Амстердам слават 400. роденден

Маркус Бениш/ Александра Трајковска 12 јули 2013

Пред 400 години започна изградбата на појасот пловни канали во Амстердам. Каналите (грахтови) до денес даваат белег на сликата за овој холандски град.

https://p.dw.com/p/194Bo
Фотографија: Fotolia/peteri

Веќе 400 години познатите пловни канали го сечат Амстердам. Системот канали е магнет за туристите. Со бродовите за излет може да се открие градот на вода.

Кој сака поиндивидуално, може речиси нечујно да се протне меѓу куќите.

Марк Папинг секојдневно се движи преку каналите. Тој ги сака патиштата по вода. „Има толку многу канали во градот и пред се' може секаде да се паркира. Бродот го користам не само за тури, туку да ги завршам и личните потреби“.

Изградбата на пловните канали беше предизвик за тогашните планери на Амстердам. Но тие беа толку далекувиди, што Марк Папинг до денес има само убави зборови. „Тоа е толку убаво рамномерно распределено, мостовите се на вистинско место. На една страна е туристичка атракција, на друга страна се наоѓа град кој многу добро функционира“.

На крајот на 16. век во Амстердам просторот стана тесен. За на сите доселеници да им се овозможи место и да се поттикне трговијата, беше донесена одлука за проширување на градот. Тогаш беа изградени пловните канали.

Flash-Galerie Amsterdam von oben
Градот на водаФотографија: ATCB

Во музејот Грахтенхуис на Херенграхт, највнатрешниот од трите појаси, посетителите дознаваат колку тесно тогаш соработувале политичарите и трговицте, за да го обезбедат земјиштето, кое им било итно неходно за градба и каналите.

„Затоа првиот пловен канал се нарекува Херенграхт. По господата, угледни луѓе кои го развија планот. Последниот е Принценграхт, кој е типичен за Република Амстердам“, вели директорот на музејот Винсент Верколен.

Музејот Грахтенхуис отвoра поглед и во внатрешните дворови. Таму лежи дел од Амстердам, кој кога се набљудува од каналите останува недостапен. „Еден дел од парцелите мораа да останат градини, тоа беше локален пропис, од службениот правилник на 17. век. Што тука многу добро може да се види“, појаснува музејскиот директор.

Освен каналите, Амстердам има и градини

Секоја година музејот Ван Лон организира денови на отворени градини. На оваа манифестација учествуваат 30 градини.

Исто така и во музејската градина се вршат подготовки. Тонко Гревер ги организира деновите за посетителите. „Посебното во градините е тоа што тие не се видливи. Оној кој минува однадвор, тој само мисли, Амстердам, тоа се камења и вода. Но во реалноста Амстердам е многу зелен град“.

Flash-Galerie Häuser in Amsterdam
Фотографија: DW

Неколку куќи подолу Маартје Роме ја отвора својата порта. 4.500 љубопитни луѓе измината година минаа низ нејзиниот стан. Оваа жителка на Амстердам заедно со соседите одгледува зеленчук. Хоби-градинарката се радува на посетителите.

„Ние мислиме дека тоа е супер, бидејќи сите луѓе на Деновите на отворени градини се ентузијасти. Изворедно расположение. Сите кои доаѓаат ми даваат комлименти.“

По каналот Кајзерсграхт се стигнува кај Роберт и Улрике Велер. Тие учествуваат веќе 15 години. Од нивната првично геометриска градина со текот на времето стана романтична градина со многу скриени детали. Оваа брачна двојка исто така постојано се изненадува, од инетересот на посетителите.

„Австралија, Јапонија, Јужноафрканската Република... исто и од Јужна Америка. Постојано не фасцинира од каде доаѓаат луѓето. Летаат низ половина свет, за да видат една ваква градина“, велат тие.

За да се стигне од градина до градина може да се избира, или со брод или со најомиленото превозно средство во Амстердам: велосипедот. И со тоа се гарантирани убави предели.