1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кандидатура, но што потоа?

21 декември 2009

По визната либерализација и одмрзнувањето на Договорот за трговија, Србија викендов донесе одлука да поднесе барање за членство во ЕУ, кое претседателот Борис Тадиќ ќе го предаде утре во Стокхолм.

https://p.dw.com/p/L9cb
Колку долго ќе трае патот до ЕУ?Фотографија: DW

Србија утре во ќе го поднесе барањето за членство во Европската унија. Соња Лих, претседателката на надворешно - политичкиот совет на Министерството за надворешни работи на Србија смета дека е добро што кандидатурата сега се поднесува:

„Мислам дека не е лошо да се предаде час поскоро, но најважно е да сториме се’ што треба за да се подготвиме за наредните чекори.“

Претседателот на Европското движење во Србија, Живорад Ковачевиќ се согласува со Лих:

„Не смееме да оставиме впечаток кај светот и кај Европа дека воопшто размислуваме за некоја алтернатива за Европската унија.“

Соња Лих меѓутоа наведува дека виситинската работа престои, по поднесувањето на кандидатурата:

„Сега ни е одмрзнат говорот. Сега за првпат имаме говорна комуникација со ЕУ и мислам дека е особено важно да ставиме прст на чело и пред се’ да се мобилизира целото општество да го направиме она што е неопходно за да ги исполниме цивилизациските стандарди и на тој начин што поскоро да се приближиме до ЕУ.“

И добрососедските односи се важни

Живорад Ковачевиќ истакнува дека покрај големиот број технички прашања, Србија ќе мора да поработи и на добрососедските односи во регионот, оти и тоа ќе биде еден од предусловите за прием во ЕУ.

Kulturwüste Belgrad
Фотографија: DPA

„Консензус е неопходен во регионот. За Босна и Херцеговина, која е најтежок проблем, за Косово и Метохија за билатерлните договори, без оглед дали се работи за граници, бегалци, тужби или против-тужби, двојни државјанстава. Тоа Европската унија не сака да го внесе во своите редови. Ова најдобро го покажа со интервенцијата во случајот со Словенија и Хрватска, кога патот на Хрватска кон ЕУ беше блокиран девет месеци поради противењето на Словенија.“

Ковачевиќ предупредува дека мора да се отвори и расправа за членство на Србија во НАТО и потсетува дека 12 држави кои пристапија кон ЕУ, претходно станаа членки на НАТО, иако тоа не беше формален услов на Брисел:

„Тоа прашање не може да се тргне од дневен ред, со една реченица во една резолуција која е донесена на крајот на 2007 година, со која се објавува неутралност на земјата. Значи донесле одлука, преку ноќ, за едно од најважните прашања кое земјата може да го донесе.“

Соговорниците истакнуваат дека ЕУ по лошите искуства со забрзан прием на Бугарија, Романија и Кипар, сега ќе биде многу попретпазлива при донесувањето на одлуките, иако усвојувањето Лисабонскиот договор влева оптимизам. Колку е тежок патот до ЕУ, најдобро илустрираат примерите на Хрватска и Турција. Овие земји кандидатурата ја поднесоа во 2005 година, Хрватска досега затвори 12, а Турција едно поглавје од вкупно 36.

Автор: Динко Грухоњиќ/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска