1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канзуров: Не се лутам никому, но не можам да заборавам

Горан Петрески 16 јули 2008

Ѓорѓи Канзуров има речиси 70 години. Тој е еден од илјадниците прогонети Македонци од Егејскиот дел за време на граѓанската војна во Грција. За Дојче Веле ја раскажува својата бегалска приказна.

https://p.dw.com/p/Edcy
Децата бегалци имаат големи очекувања од преговорите во грчко македонскиот спор со иметоФотографија: Dragan Todorovski
Имал само осум години кога селото во кое се родил било завземено и запалено од грчката војска. Патот го однел до прифатен центар во Прага. Подцна доаѓа во Македонија, бидејќи не му било дозволено да се врати во родниот крај. Прват се вратил во родното село како средовечен човек. Не ги крие емоциите кога зборува за тој настан.