1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Капело повеќе не е селектор на Англија

9 февруари 2012

Прославениот стручњак поднесе оставка поради судир со фудбалската федерација во земјата, на неколку месеци пред ЕП во фудбал

https://p.dw.com/p/13zxP
Фабио КапелоФотографија: picture-alliance/dpa

Фабио Капело поднесе оставка на местото селектор на фудбалската репрезентација на Англија, потврди Фудбалската асоцијација на оваа земја.

Капело оставката ја поднел по состанокот со претседателот на ФА, Дејвид Бернстин, и со генералниот секретар Алекс Хорн.

„Фудбалската асоцијација може да потврди дека Фабио Капело поднесе оставка на селекторската функција“, стои во соопштението на ФА.

Капело оставката ја поднесе во знак на незадоволство што на Џон Тери, под притисок на јавноста му беше одземена капитенската лента. Инаку, Тери е обвинет за разизам и процесот против него, во случајот со Антон Фердинанд од Квинс Парк Ренџерс се наоѓа пред лондонскиот суд.

На првото рочиште, на кое Тери, не беше присутен, преку својот адвокат се изјасни за невин.

Италијанскиот стратег, кој е еден од најцентите во светот на фудбалот, на клупата на анлиската репрезентација седна во 2008 година и не успеа да постигне позабележителен успех. Капело во кариерата ги има предводено Милан, Јувентус, Рома и Реал Мадрид.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Б. Георгиевски