1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Капка во океан“

30 јуни 2004

Од 1972 година постојат меѓународни договори за заштита на културното и природното наследство во светот. Оттогаш државите можат да номинираат споменици и придорни подрачја на нивната територија за влез во листата на светкото наследство.

https://p.dw.com/p/AeQx
Светско културно наследство - Валпараизо во Чиле
Светско културно наследство - Валпараизо во ЧилеФотографија: AP

754 градови се веќе на таа листа, а пред вратите на УНЕСКО се туркаат нови кандидати што сакаат да се најдат таму. Кој ќе влезе решава комитетот за светско наследство на УНЕСКО. До 7 јули во Сужоу, Кина се среќаваат 21 претставник на годинашново заседание. Таму ќе се решава за кандидатурата на 41 град што радо го поскауваат името “светско наследство“. Меѓутоа, кандидатите имаат еден проблем и како и секогаш, тој се вика пари.

754 градови од 129 земји се наоѓаат на листата на светското наследство. Се разбира, му припаѓаат на целото човештво. Но, за нивното одржување, значи на скоро илјада градови, потребни се пари. Секако постои фонд чии средства ги доделува комитетот. Меѓутоа, со одвај два милона долари годишно и други донации од околу 8 милиони долари, тоа е само капка во океан. А, парите од овој фонд се насочуваат пред се кон сиромашните земји, или за итни случаи како на пример во Ирак, објаснува Дитер Офенхојзер, портпарол на германската комисија на УНЕСКО во Бон:

"Не станува збор за пари кои можат да бидат доволно да се одржат 754 града во целиот свет. Помислете само на проблемите што, на пример, ги има еден град како Венеција. Десет милиони би биле капка во океан“.

Многу од градовите во списокот на УНЕСКО би биле среќни кога од таму не би добивале капки, туку дожд од пари. Но, во 1972 година година тоа не беше така замислено. Влезот во листата на светското наследство носи престиж, а за заштитните мерки, според договорот, мораат да се грижат владите. Но, не сите земји можат тоа да го направат, па дури и во богатите земји јавните средства се даваат се поштедливо. Затоа овие градови мораат да прават обиди да најдат пари од други извори, објаснува Дитер Офенхојзер:

“Во игра мора да влезе приватен ангажман зашто не се доволни само парите што доаѓаат од националните држави. Од тие причини мора да се бараат приватни средства“.

Пример за функционален приватен ангажман се урнатините во Ангкор во Камбоџа со светски прочуениот храм Ангкор Ват:

“Во Ангкор Ват се ангажирани голем број француски фирми зашто овој храм има и за нив ранг кој не смее да се потцени“.

Фирми што спонзорираат светско наследство. Професорката Мари-Терез Алберт која работи за УНЕСКО, тоа го посматра критички. Во принцип нема ништо против поголем приватен ангажман. Но, во тоа гледа опасност интересите на спонзорите да се во спротивност со идејата за светското наследство:

“Кога една голема фирма поддржува некое светско културно наследство како катедралата во Келн или берлинскиот остров на музеите, таа насекаде може да закачи дебели реклами со што го уништува целиот впечаток на споменикот“. Се разбира фирмите можат во своите брошури да го истакнуваат својот ангажман, вели Мари-Терез Алберт. Но дали тоа им е доволно? Дека и приватниот сектор не е бунар без дно, покажува иницијативата на УНЕСКО “Пакт“ стартувана во 2002 година. Организацијата се обиде да добие повеќе приватни партнери за одржување на светските наследства. Меѓутоа, досега се склучени само грст договори. Тоа, секако се должи и на долгорочноста за таквите договори, што покажува дека и фирмите тешко се одделуваат од своите пари.