1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караманлис: нема референдум за договор околу името

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI7E

Грчкиот парламент може да ратификува евентуален договор со Скопје за името, изјави денеска грчкиот премиер Костас Караманлис, отфрлајќи ја можноста по ова прашање да се одржи референдум. Лидерот на партијата ЛАОС, Караџаферис ја обвини владата дека отстапила од првичната позиција на земјата и дека сега зборува усвојување на сложено име кое што ќе може да го содржи и зборот Македонија. Затоа Караџаферис смета дека за ова прашање мора да реши народот на референдум.