1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карахасан носител на лајпцишката награда за европско разбирање

26 март 2004

Лајпцишката книжевна награда за eврoпско разбирање во недела ќе му биде доделена на босанскиот писател Џевад Карахасан. Вчеравечер пак на саемот во Лајпциг по третпат беше доделена германската книжевна награда.

https://p.dw.com/p/AeVo
Саем на книгата - Лајпциг
Саем на книгата - Лајпциг

На галата во Лајпциг, германската книжевна награда им беше доделена на Турчинката која живее во Берлин Јаде Кара за нејзиниот деби роман “Селам Берлин“. Шпаснкиот писател Хуан Мартел беше награден за неговиот роман “Бродолом со тигар“ во категоријата белетристика. Муровата пресметка со Америка на Џорџ Буш “ Глупавиот бел човек“ беше наградена во категоријата стручна литература. Мур не беше присутен на доделувањето но очигледно не беше ниту подготвен за видео вклучување во живо. Наместо тоа уште еднаш беше емитуван неговиот говор против америкаснкиот претседател Буш за време на минатогодишното доделување на оскарот. За наградите беа номинирани се на се 12 автори.

Познато е веќе дека жирито ја удостои и книжевната работа на босанскиот писател Џевад Карахасан однодно неговото многустрано литературно дело, во кое поезијата и филозофијата, традицијата и модерната, истокот и западот, уметнички се преплетуваат. Лајпцишката книжевна награда за европско разбирање 2004 ќе му биде до доделена в недела. За тоа што оваа награда му значи на писателот самиот Карахасан во интервју за босанската програма на Дојче Веле истакнува:

“ Литературата се основа на радост. А да се радуваш можеш само за некој друг. Да се радуваш за самиот себеси е апсолутно невозможно. Тоа значи пишуваме литература затоа што бараме некого, кој ќе се радува за наси со неговата радост – или преку повторното препознавање на неговите сопствени прашања и проблеми во нас – нам ќе ни покаже и потврди дека ние воопшто постоиме. Многу се радувам затоа што е потврдена мојата егзистенција, не само затоа што колегите велат: Те гледаме, го слушаме твојот глас, ти постоиш туку затоа што велат: Она што го чиниш сметаме дека е добро и во овој момент е неопходно и важно.“