1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карванот куфери оди натаму

Марк Кох 5 февруари 2008

И покрај терористичките закани и високите цени на енергијата, светскиот туризам и во минатата година доживеа рекордно ниво. Скоро 900 милиони туристи беа избројани околу целиот глобус.

https://p.dw.com/p/Czq0
Нерегистрирана турканица на планетава: туризмот во 2007 доживеа нов бумФотографија: picture-alliance/ ZB
Карванот куфери оди натаму и ништо не може да го задржи. 2007 не беше само одлична за туризмот, туку ги надмина очекувањата: ниту растечките цени на нафтата, ниту кризата на финансиските пазари можеа да го спречат меракот за патувања. 900 милиони ноќевања во минатата година - соопшти Организацијата за туризам, што значи пораст за повеќе од 6 проценти. Одморот е недопирлив Франческо Франгали извлекува биланс „Семејствата се подготвени да поднесат жртви во сите други области, дури и да ги намалат своите заштеди, но никако да се откажат од одмор и патувања.“ Прва дестинација и натаму е Европа на која отпаѓа добра половина од сите патувања. Франција останува цел број еден, следена од Шпанија, Кина, САД и Италија. Голем пораст забележаа и Турција со плус 18, Грција со 12 и Португалија со 10 проценти. Додека класичните земји за одмор бележат само лесно зголемување, други региони јавуваат за рекорди: Блискиот исток доживеа пораст од повеќе од 13 проценти, а цели како Малезија, Камбоџа и Виетнам пораснаа двоцифрено. И Африка прикажа угорни бројки. Кризите не му штетат на туризмот За шефот на организациајта за туризам Франгали тоа е јасен сигнал дека ниту економските, ниту полиитчките кризи можат да му наштетат на туризмот: „Туристичкиот пазар поворно ја потврди својата сила на отпор и впечатлива способност за прилагодување.“
Thailand Strand Phra Nang
Се очекува пораст во меѓународниот туризамФотографија: picture-alliance/ ZB
Оттаму очекувањата за оваа година остануваат на високо ниво: додуша браншата не може да расте толку многу, меѓутоа меѓународниот туризам за 2010 година смета на милијарда и 100 милиони, а во 2020 дури и на 1,6 милијарди ноќевања, што ги збунува и професионалнците: „Ние сме ефикасно подготвени да ја удвоиме величината на туристичкиот пазар, кога станува збор за физичките движења, за само една генерација.“ Во фокусот - промената на климата Мала пречка во биланост претставува промената на климата, зашто браншата ниту може, ниту сака да ја игнорира. Во тоа ќе бидат принудени многу нешта да менуваат новите дестинации во регионите во развој, вели потпретседателот на Организацијата за туризам на Обединетите нации, Џефри Липман: „Сиромашните земји продуцираат најмалку издувни гасови, имаат енормна конкурентска предност во нов вид туризам што го сакаат многумина и тоа може да стане нивен извозен производ број еден.“ Затоа светската туристичка организација има намера да ги развие сите иницијативи за заштита на климата и долгорочна стратегија за намалување на CO2 што ќе важат за целокупниот туристички сектор.