1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кардиналот О’Брајан поднесе оставка поради обвинувања за злоставување

АТ/ дпа/афп/ апд/ ртр25 февруари 2013

Обвинувањето за надбискупот од Единбург Кит О’Брајан гласи: „Несоодветно однесување“. Бидејќи не можеше да го издржи притисокот, сега се повлекува. Тој нема да учествува ниту на Конклавата за избор на нов папа.

https://p.dw.com/p/17lNm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Највисокиот по ранг претставник на католиците во Велика Британија, Кардиналот Кит О’Брајан се повлече од функцијата по обвинувањето за „несоодветно“ однесување кон млади свештеници. Тој ја положи функцијата надбискуп од Сент Ендрју и Единбург, соопшти надбискупијата. Тој исто така нема да земе учество на претстојната Конклава за избор на нов папа, изјави О’Брајан. 74-годишникот беше единственото свештено лице Британец кој требаше да учестува на Конклавата.

Тројца свештеници од неговата шкотска диоцеза и еден поранешен свештеник се обратиле до Ватикан. Во еден случај се вели дека надбискупот на еден од учениците за иден свештеник од неговиот клас, по вечерната молитва му се приближил на „несоодветен начин“. Еден од подносителите на жалбите призна дека го вратил свештеничкиот чин, кога О’Брајан бил прогласен за бискуп. Случувањата се стари 33 години.

„Светиот отец донесе одлука, мојата оставка да биде во сила од денеска“ соопшти О’Брајан во Единбург. Во март, според вообичаената пракса во Католичката црква, тој секако ќе мораше да поднесе барање да биде разрешен од неговите обврски, бидејќи ќе наполни 75 години. Неговото повлекување од Конклавата го образложи со тоа дека на тој начин ќе го привлече вниманието на медиумите во Рим. Вниманието би требало да биде насочено кон папата Бенедикт Шеснаесетти и неговиот наследник. О ’Брајан последно го привлече вниманието со барањето за укинување на целибатот.

Letztes Angelus-Gebet Papst Benedikt in Rom
Фотографија: DW/B. Riegert

Католичките свештеници би требало самите да може да одлучат дали сакаат да се оженат или не. Претходно, тој настапуваше како жесток противник на реформите и се произнесе како непријател на хомо-браковите. Тројцата свештеници со нивните обвинувања на почетокот на февруари се обратиле до ватиканскиот амбасадор во Велика Британија, Антонио Менини, кој потоа ги препратил до Рим. Ова очигледно се случило уште пред Бенедикт Шеснаесетти на 11. февруари да ја објави својата оставка.

Конклавата ќе се одржи порано?

Папата Бенедикт Шеснаесетти, кратко пред крајот на неговиот понтификат ги промени правилата за избор на негов наследник и со тоа овозможи Конклавата да се одржи порано. Конклавата за избор на нов папа би можела да почне, штом сите кардинали ќе бидат пристуни во Рим, соопшти Ватикан.