1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи се среќава со Буш

5 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BQ9H

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е во посета на САД. Централна тема на дводневните разговори меѓу Карзаи и американскиот претседател Џорџ Буш се очекува да бидат грабнувањето на Јужнокорејците и германскиот инжинер. - Министерството за надворешни работи во Берлин ги продолжува напорите за ослободување на инжинерот, а во случајот на јужнокорејските заложници, Талибанците изразиле готовност за директни преговори со Сеул ако им се гарантира безбедност од страна на ОН. Портпарол на ОН во Кабул за првата програма на германското радио пак рече дека Светската организација нема да има директен контакт со грабнувачите.