1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи: Фотографиите на американските војници се „нечовечки“

ЕМФ/СН/дпа/ртр/дв19 април 2012

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги нарече „нехумани“ фотографиите на американски војници кои позираат со остатоци од тела на авганистански бомбаши-самоубијци.

https://p.dw.com/p/14h9E

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска (19.04) во соопштение истакна дека е одвратно, провокативно и нечовечки да се прават снимки на посмртни останки и тие да се споделуваат со други луѓе, а тоа го сторија американските војници.

Тој потсети дека други неодамнешни скандали го поттикнаа гневот на Авганистанците и на меѓународната заедница, и нагласи дека брзо предавање на одговорноста за безбедноста во рацете на авганистанските сили е неопходно за вакви инциденти да не се повторат. Претходно, американскиот претседател Барак Обама побара спроведување на истрага за случаите поврзани со фотографиите и казнување на одговорните.

Извинувања од САД

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни соопшти дека таквото однесување е во спротивност со стандардите на американската војска и е за најостра осуда. Карни изрази разочараност од одлуката на „Лос Анџелес тајмс“ да ги објави овие фотографии. Весникот претходно соопшти дека војската побарала овие фотографии да не бидат објавени.

USA Verteidigung Leon Panetta
Министерот за одбрана на САД, Леон ПанетаФотографија: dapd

Министерот за одбрана на САД Леон Панета се извини во име на своето министерство и американската влада за однесувањето на одредени американски војници во 2010-та.

„Однесувањето прикажано на овие фотографии апсолутно ги прекршува нашите прописи и, уште поважно, нашите основни вредности. Ова не сме ние и ова сигурно не е она што го претставуваме кога станува збор за големото мнозинство мажи и жени во униформа, кои служат таму“, рече Панета по состанокот со министрите за одбрана и надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел. Тој се надева дека објавувањето на фотографиите нема да предизвика одмазда во Авганистан.