1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневалите носат и многу пари

8 февруари 2005

Со среда пепелница завршија карневалските денови. Се лудуваше неколку дена, изминаа и познатите карневалски поворки, луѓето се шегуваа и се веселеа, апнаа здраво, а и пивнаа здраво. Меѓутоа, карневалите не носат само забава, туку и многу пари, пред се за карневалската индустрија. Се поставува прашањето колку е голем економскиот фактор со оглед на германската купувачка осека?

https://p.dw.com/p/AePN
Секој костум со своја цена- карневалот носи и голем профит
Секој костум со своја цена- карневалот носи и голем профитФотографија: AP

Време на лудите во карневалските дуќани во Келн. Касите се преоптоварени зашто непосредно пред карневалот меѓу 5 и 10 илјади луѓе се уште купуваат костуми и друга “опрема“. Шефот на најголемиот синџир “Карневалвирт“ Франк Шредер вели:

“Врвот се достигнува во последните три дена. Тогаш луѓето уште еднаш се во вистинско расположение и решаваат во многу кусо време“.

Просечниот учесник на карневалот троши меѓу 40 до 60 евра за костум. Малку кој штеди на тоа, ниту се забележува купувачката воздржаност на Германците:

“Се гледа дека притисокот кај луѓето е голем. До толку повеќе ќе се слави. Карневалот не е бранша што е погодена од инфлацијата“.

“Карневалвирт“ прави 70 насто од годишниот обрт за време на петтото годишно време. Костимската бранша не е единствената што живее од карневалот. Оваа индустрија во ова време врти повеќе милијарди евра. Зигрид Кребс од комитетот на келнскиот карневал:

“Овие бројки нам не ни се познати. За Келн и за регионот карневалот е многу важен. Профитираат туризмот, гастрономијата, трговијата. Оние што доаѓаат на карневалот посетуваат фризерски салони, се возат со такси...". “Лудаците“ трошат:

“Парите бргу исчезнуваат и ако се пресмета се заедно, можеби околу 300 евра“

“Целиот карневал? Околу 600...“

“100 евра сигурно за целото семејство, а можеби и малку повеќе“.

Понекогаш и помалку. Многу карневалски друштва се жалат на празни сали. Друштвото “Тафаба“ дури се откажа, зашто нема луѓе. Зигрид Кребс вели:

“Овде - онде гледаме дека салите се празни. Делумно и поради тоа што годинава сезоната е многу куса. Тоа значи дека на располагање е само една плата“.

Па, сепак, радоста за карневалот не одминува ниту еден вистински “лудак“, вели една жена:

“Ова е најважното годишно време“....