1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневалот во „полна сила“

15 февруари 2010

Во Рајнската област во Германија денеска (15.02.2010) карневалот го доживува својот врв - денеска е Розенмонтаг. Какво е неговото значење во „петтото годишно време“?

https://p.dw.com/p/Lxnq
Фотографија: AP

Раскошно накитени коли што ги влечат коњи, маскирани карневалисти и многу, многу слатки. Денеска е Розенмонтаг, денот кога низ населените места во Рајнската област минуваат карневалски поворки, од кои на маскираните луѓе кои ги поздравуваат поворките им се фрлаат чоколадa и ситни подароци. Во поворките - накитени коли, коли со политички мотиви и пораки, костумирани танцувачки групи кои маршираат пред колите и оркестри кои свират карневалски песни. Најголемите поворки се движат низ улиците на Келн, Диселдорф и Мајнц.

Што е Розенмонтаг?

За потеклото на името има различни теории - една од нив вели дека името нема врска со розите, туку со глаголот „разен“, односно да се биде весел, смешен, палав. Според друго објаснување, пак, името датира од 19. век. Имено, во 1823 година во Келн е основан „Комитет за фестивали“, кој имал за цел да донесе одредби за текот на карневалот. Генералното собрание на овој Комитет се одржувало секогаш во понеделник по третата недела. Оваа недела од 11. век наваму се нарекува и Розензонтаг затоа што папата на тој ден осветувал една златна роза и ја предавал на личност со заслуги. Комитетот кој во понеделникот што следувал ја организирал поворката се нарекувал „Здружение Розенмонтаг“. Името прво се однесувало само на поворката, а потоа се пренесло и на целиот ден.

Wort der Woche Rosenmontag

Порано во Рајнската област, вечерта на Розенмонтаг се отворале прозорците за ангелите да можат да земат нешто од оброците. Луѓето верувале дека постите на небото се држат многу строго и затоа сакале да им дадат можност на ангелите уште еднаш „добро да се најадат“ пред да почнат со долгите Велигденски пости.

Автор: ЕМФ/ГЧ/апн

Редактор: Александра Трајковска