1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каспаров нема да учествува на парламентарните избори

11 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bp2H

Опозициониот руски политичат и поранешен шаховски велемајстор Гари Каспаров нема да учествува на парламентарните избори во декември. Централната изборна комисија не ја регистрираше кандидатската листа на партијата Поинаква Русија. Образложението е дека на иборите можат да учествуваат само партиите кои веќе се регистрирани. Каспаров, кој сака да се кандидира и на претстојните претседателски избори, во последните месеци беше еден од главните организатори на демонстрациите против руската влада.