Свет

Каталонците ќе држат седница за отцепување и покрај забраната

И покрај забраната изречена од Уставниот суд, каталонскиот регионален парламент в понеделник ќе дебатира за отцепување од Шпанија.

Spanien Katalonien Carles Puigdemont Sitzung Amtseinsetzung (picture-alliance/AA/A. Llop)

„Парламентот ќе дискутира. Парламентот ќе има седница. Ќе има дебата и тоа е важно“, изјави претставникот на каталонската регионална влада задолжен за надворешна политика, Раул Ромева за Би-Би-Си.

Вчера шпанскиот Уставен суд ја забрани седницата на регионалниот каталонски парламент, поради тоа што прогласување независност на Каталонија би значелопрекршување на Уставот. Судиите претходно го прогласија за нелегален референдумот во Каталонија, одржан во неделата.

Сабадел ја напушта Каталонија

Во меѓувреме, несигурноста за иднината на Каталонија се одрази врз банкарскиот сектор. Шпанската банка Сабадел ја напушта Каталонија и своето седиште ќе го пресели во Аликанте, јави шпанската телевизија повикувајќи се на одлука на директориумот на банката. Сабадел важи за една од најголемите шпански банки и има голема економска тежина во Каталонија. Акциите на Сабадел во средата паднаа за 5,7%, поради загриженоста на инвеститорите за иднината на Каталонија.

Spanien Sabadell-Bank in Barcelona (picture-alliance/ZUMAPRESS.com/M. Oesterle)

Според информации на агенцијата Ројтерс, шпанската централна влада планира да донесе декрат со кој би се олеснило отселувањето на фирмите од регионот. Според Ројтерс, декретот е кроен според потребите на најголемата банка во Каталонија, Кашабанк, која денеска на седница треба да дискутира за можна преселба.

Прва поголема фирма која најави преселба на своето седиште беше биофармцевтската компанија Оризон. Таа пред два дена соопшти дека од Барселона се сели во Мадрид.

DW.COM

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو