Катастрофални поплави во Индонезија
5 февруари 2007Според информациите на индонезиската новинска агенција Антара, делови од центарот на градот се наоѓаат во валкано кафена вода од преку 4 метри. Јавниот сообраќај во најголемиот дел е парализиран. Во некои делови од 9-милионската метропола нема струја, а вон употреба е и телефонската мрежа. Се вели дека поплавите во Џакарта за време на дождливиот период воопшто не се реткост, но исто така се вели дека волку лошо никогаш не било. Индонезискиот министер за екологија Рахмат Витулар одговорноста за поплавите ја префрли врз големите градежни активности. Во интервју за еден весник тој изјави дека во најмногу погодените квартови никнаа премногу големи трговски центри. Градежните активности ја оштетија природната дренажа што придонесе за големите поплави. Илјадници луѓе од посебно погодените и загрозени квартови се евакуирани и сместени во џамии или други јавни објекти. Спасувачките екипи страхуваат од појава на зарази. Инаку, за време на викенд деновите дождовите ослабнаа, но метеоролозите предупредуваат на можноста од нови силни дождови во наредните денови што уште повеќе можат да ја влошат ситуацијата.