1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катастрофални размери на несреќата во Мијанмар

Бернд Муш Боровска6 мај 2008

Според последните вести, од циклонот „Наргис„ во Мијанмар загинале повеќе од 22 илјади луѓе. Според државните медиуми во земјата, само во местото Богалај, на југоисток загинале 10 илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/DuE5
Засега може само да се претпоставува бројот на жртвите од ураганот во БурмаФотографија: picture-alliance / dpa

Најжестоко е погоден регионот во делтата на реката Иравади. Според официјални информации, таму се разурнати три четвртини од сите куќи. На луѓето итно им се потребни сместувалишта и вода за пиење, изјави претставник на Обединетите нации вчера во Бангкок. Меѓународните хуманитарни организации правата напори да ги снабдат преживеаните со најнеопходното. Мијанмар, или поранешна Бурма, е една од најсиромашните земји во светот. Досега воените власти не побараа меѓународна помош. Ентони Крејг, координатор на програмата за храна во Бангкок изјави дека неговата организација е подготвена веднаш да пружи сеопфатна помош: „Ние гледавме како доаѓаше оваа катастрофа. Разговаравме со владата, и ги предупредивме луѓето во делтата на реката Иравади барајќи од нив да ги преземат неопходните мерки. Сега владата мора да побара меѓународна помош за да можеме бргу да дејствуваме„.

Ветрот дувал над 200 км. на час

Според информациите на метеоролозите, циклонот што во деновите на викендот го погоди Мијанмар со брзина на ветерот преку 200 километри на час, бил предвиден. Притоа било невообичаено што циклонот, пред да стигне до брегот, дополнително се засилил. Милионската метропола Рангун и натаму е без струја. Стотици куќи се без покрив, паднатите дрва ги блокираа улиците. Терје Скавдал, координатор на Обединетите нации за хуманитарни акции, вели дека се уште не можат да се согледаат размерите на штетите: „Ќе трае со денови и недели. Пред се поради огромните разурнувања од што се блокирани многу патишта, а се прекинати и телефонските линии„.

Црвениот крст веќе дели храна и вода

Во меѓувреме, Меѓународниот цвен крст веќе започна да дели храна и вода за пиење, меѓутоа итно се потребни нови залихи. Мајкл Анеар, регионален координатор на Црвениот крст во Јужна Азија: „Треба да се очекува да порасне бројот на оние на кои им треба помош, особено кога ќе имаме пристап до најтешко погодените региони. Тогаш точно ќе може да се каже колку луѓе се погодени од циклонот„. Инаку, планираниот референдум за уставот со кој треба да се отвори пат кон демократија во земјата, предвиден за 10 мај, ќе биде одржан и покрај катастрофата. Барем така тврди воената влада.