1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катер не предвидува насилства на Косово

Александар Чомовски31 октомври 2006

Ден по српскиот референдум во Скопје допатува командантот на КФОР од Косово, германскиот генерал Роланд Катер. Тој имаше разговори во министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

https://p.dw.com/p/AdbP
Фотографија: dpa

“Не предвидувам насилства на Косово. Немаме никакви индикации за такво нешто“, вели Катер, нагласувајќи дека се дејствува плански, како во текот, така и по референдумот за српскиот устав. Тој, сепак, посочи дека како војници на КФОР тие се подготвени за секаква ситуација.

Германскиот генерал со своите домаќини разговарал за позајакнати мерки на безбедност на македонско-косовската граница. Засега не се регистрирани движења на познати екстремистички групи, кои би сакале да ги искористат случувањата во Србија, но и внатрешниот албанско-албански политички судир меѓу партиите ДУИ и ДПА во Македонија.

Македонските власти, особено МВР, сепак инсистираат на позасилена контрола од страна на граничната полиција, но и од страна на КФОР. Официјалните македонски власти не реагираат на ситуацијата во соседството по усвојувањето на српскиот устав, според кого Косово останува територија на Србија. Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, кој има блиски односи со властите во Белград, немал телефонски контакти со српскиот претседател, Борис Тадиќ, туку денеска непосредно му го честитал реизборот на бугарскиот претседател, Прванов.