1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катимерини-Грција мобилизира лоби околу спорот со името

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHp

Атина го мобилизира своето лоби во американскиот конгрес и во НАТО за дополнителен притисок против Скопје,со цел да избегне евентуален неочекуван потег на Вашингтон во врска со спорот околу името,пишува денеска грчкиот весник Катимерини.Весникот тврди дека грчката влада ја предупредила администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш и генералниот секретар Бан Ки Мун дека ниедна влада и Парламент во Атина нема да ратификува членство на БЈРМ во НАТО без претходно решение за името.Официјален претставник на САД уверувал дека Вашингтон не планира нови предлози за проблемот меѓу Скопје и Атина.

Спорот со името се очекува да биде една од главните теми и при посетата на американскиот потсекретар Николас Барнс на Атина идниот месец.