1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Католичкиот свет го слави Божик

25 декември 2005

По повод божиќните празници католичката црква повика на мир и солидарност во целиот свет.

https://p.dw.com/p/AcAL
Папата Бенедикт 16
Папата Бенедикт 16Фотографија: AP

На првата христосова миса како Папа, Бенедикт 16 во преполнетата катедрала Свети Петар во Рим повика на завршување на омразата, немирот и насилството. Тој посебно повика на мир во светата земја и на молитва за Витлеем за луѓето што живеат и страдаат таму.

Во самиот Витлеем пак латинскиот патријарх од Ерусалим Михаел Сабах апелираше до политичките лидери да го запрат насилството и уништувањето. Тој побара од Ирзаел да ја отстрани бетонската бариера кон западниот брег. Во Витлеем инаку на божиќните празници присуствуваат околу 30.000 луѓе од кои голем број странски посетители. На свеченостите присуствуваше палестинскиот престадетал Мамуд Абас.

И во Германија милиони христијани го славеа празникот на раѓањето христово. Божикната музика одзвонуваше од сите катедрали и помали цркви каде голем број луѓе присуствуваа на полноќните миси. Претседателот на католичката конференција Кардиналот Карл Леман ги повика луѓето на повеќе солидарност и критикуваше што се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните. Претседатекот на советот на Евангелистичката црква во Германија Волфган Хубер побара поголема готовност за помош во општеството, а од менаџерите и фирмите побара поголема одговорност во однос на вработените.