1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катрина пустошеше во Мисисипи и Луизијана

30 август 2005

Ураганот Катрина мина преку американското крајбрежје во мексиканскиот Залив , со разурнувачки ветришта со брзина од најмалку 200 километри на час и пороен дожд . Локалните медиуми јавуваат за можни 50 жртви во погодените места во државите Мусисипи и Луизијана. На удар на Катрина беше и Њу Орлеанс , градот на џезот , кој претходно беше речиси целосно евакуиран.

https://p.dw.com/p/AcCz
Фотографија: AP

Најмалку еден милион луѓе во последните денови го напуштија ЊуОрлеанс и околните места во делтата на реката Мисисипи . Оние кои не беа во можност да се евакуираат од историскиот град на џезот , прибежиште пред ударот на ураганот од четврта категорија најдоа во затворениот стадион за бејзбол и американски фудбал Супердом. Меѓу нив беше и Тери Дејвис , мајка на 5 деца .

„Вакво нешто досега немам доживеано. Јас сум од Њу Орлеанс. Се радувам што сум засолнета овде. Не сакав да седам дома , бидејќи се плашев . Овде се чуствувам сигурно“

Во 9 часот наутро според локално време Катрина го започна силниот удар врз Њу Орлеанс . Голем број елетрични и телефонски далновиди беа урнати од силниот ветар , кој уништи и поголем дел од покривот на Супердом . Сепак Њу Орлеанс беше поштеден од најсилнито удар на Катрина со оглед дека во последен момент ураганот ја промени својата насока , носејјќи ги разурнувачките ветришта и огромното количество дождови кон американската држава Мисисипи .

„ Крајбрежјето на државата претрпе невидена штета“ – изјави гувернерот на Мисисипи Хели барбур за американските медиуми кои будно го следеа беснеењето на Катрина .

Најтешко погодено место во Мисисипи беше туристичкото место Билокси каде што бранови со големина од 6 метри предизвикани од Катрина преплавија голем дел од градот .

Запрашан кои се неговите најголеми стравувања , гувернерот на Мисисипи, Барбур , истакна: Дека има голем број загинати .

Досега е потврдена смртта на најмалку 5 лица во тој регион но локалните медиуми јавуваат за повеќе од 50 загинати во регионот на Билокси.

Американскиот претседател Џорџ Буш ги прогласи ЛУизијана и Мисисипи за региони погодени од природна катастрофа , што овозможува поефикасно пристигнување на помошта до настраданите лица:

„ Сакам луѓето таму на крајбрежјето на Заливот да знаат де федералната влада е подготвена да им помогне кога ќе мине бурата. Сакам да им се заблагодарам на гувернерите на погодените региони што ја организираа спасувачката операција пред пристигнувањето на ураганот и им помогнаа на граѓаните да ја избегнат најлошото . Ги повикувам граѓаните таму да продолжат да се придржуваат кон упатствата од локалните власти “- истакна Џорџ БУш.

Инаку аналитичарите велат дека Катрина можеби ќе биде досега најскапата бура во историјата на САД , нанесувајќи штети од повеќе од 25 милијарди долари .

Катрина по најсилниот удар , пополека ја намали својата жестина , како навлегуваше подлабоко на копнениот дел на САД . Брзината на ветриштата падна на околу 100 километри на час , а дождовите помалку поројни и таа беше прекфалификувана во тропска бура.