1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кацин: Македонија е дискриминирана поради спорот со Грција

Тони Гламчевски25 јуни 2008

Европратеникот Јелко Кацин не е задоволен од она што го направи словенечкото претседателство со ЕУ за Балканот. Според него освен Хрватска во сите други земји има тешкотии на патот кон Унијата.

https://p.dw.com/p/EQPw
Јелко КацинФотографија: Europäisches Parlament

Европратеникот Јелко Кацин смета дека е се уште рано да се да де оценка колку шестмесечното претседавање на Словенија со ЕУ било успешно, но тој сепај е незадоволен од она што неговата земја во овој период го направила за Балканот.

„Не не сум задоволен. Словенија не успеа да ја искористи историската шанса. Освен успехот на Хрватска сите други земји имаат тешкотии. Балканот останува голем предизвик и тука се потребни дополнителни напори и огромна позитивна енергија, за процесот на проширување на Унијата да биде успешен и на Западен Балкан. Сакам да бидам позитивен и на Хрватска и посакувам се најдобро,, но не сум убеден дека земјата ќе успее да ги исполни очекувањата до роковите кои самата себе си ги постави.“

Мора да и се помогне на Македонија

Според Кацин, Македонија која веќе три години е држава кандидат а се уште нема датум за почеток на преговори е „држава навистина дискриминирана поради компликациите во билатералните односи со нејзиниот сосед - Грција. Нејзиното население е дополнително малтретирано, не само со визниот режим со Унијата туку и со тоа што мора да вади посебн визи за Грција - тоа се неприфатливи нешта“, вели Кацин. Од друга страна, според Кацин, “последица на ваквата непријатна политичка клима е и понатамошното труење на атмосферата, при што наместо позитивна енергија имаме омраза и популизам.“

„Тука се потребни огромни напори, како од идното претседателство со ЕУ, така и од Македонија, Грција и од сите други соседи за да се стабилизира регионот. За по ирското „не“, да се промовира позитивниот развој во регионот со што ќе се овозможи понатамошното ширење на ЕУ,“ вели Кацин.

Во Србија има напредок

„Во Белград е постигнат некаков договор, но ќе видиме колку долго ќе издржи таа влада. Со Босна и Херцеговина е потпишан договорот за Стабилизација и асоцијација дури на крајот од претседавањето. Што се однесува до Косово ситуацијата е неизвесна околу јурисдикциите и тука се потребни дополнителни напори за расчистување на ситуацијата. Сега се навршуваат седумнаесет години откако ние ја прогласивме независноста, тогаш се подготвуваше војна, ние сакавме да ја повлечеме цела Југославија во Европската Унија. Тоа не ни појде од рака“, оценува словенечкиот европратеник.

Грција треба да се ослободи од сопствениот притисок

Околу заклучоците донесени на самитот на ЕУ во Брисел во однос на прашањето за името на Македонија, Кацин анализира:

„Сега се развива дополнителна солидарност со Грција, која е земја членка. Ние треба да и помогнеме на Грција да се ослободи од тој притисок и од сопствената блокада во која самата падна поради еден глас во владеачката коалиција во домашниот парламент. Европските интитуции и некои големи земји мораат да преземат дел од последиците кои се наметнаа како резултат на актуелните настани и да и помогнат на грчката влада да ја надмине ситуација во која се најде. Ако сакаме да и помогнеме на Македонија и регионот, најнапред е потребно да и помогнеме на Грција.“

Груевски е пред големи предизвици

Кацин пред предвремените избори во Македонија сметаше дека тие значат губење на време. Сега само додава дека пред премиерот Груевски се поставуваат уште поголеми предизвици.

„Во моментов Македонија се уште нема влада, а без влада ниту една држава не може да одговара на големиите предизвици, како што се евроатлантските интеграции. Кога ќе биде создадена коалиција ќе видиме каква ќе биде таа и колку позитивна енергија ќе има во неа и како таа ќе се соочи со предизивиците на меѓународните односи, бидејќи не се работи само за внатрешната ситуација во Македонија, туку и за состојбата во регионот и континентот. Тоа се големи предизвици за премиерот Груевски, кој вака на прв поглед е во далеку подобра позиција бидејќи има апсолтно мнозинство, но затоа има неколку пати поголема одговорност и ќе мора да и објасни на коалцијата и на населението на Македонија зошто му беа потребни овие избори и што ќе направи за да докаже дека имаше смисла да се оди на гласање.“ Кацин не е запознае со критиките на Груевски на сметка на македонските новинари - дописници од Брисел, но советува:

„Секој премиер кој војува со своите медиуми однапред ја губи војната.“