Кај кого е Црниот Петко?
25 јули 2006По неуспехот на преговорите учесниците меѓусебно си го префрлуваа Црниот Петко. Сите покажаа готовност само САД не, изјави евро-комесарот за трговија Питер Менделсон на крајот од преговорите на таканаречаната Група 6 на најразвиените држави во Светската тровска организација: значи покрај Европската Унија и САД, уште Австралија, Јапонија, Бразил и Индија. Менделсон критикуваше што Американците не биле подготвени да попуштат во намалувањето на субвенциите за домашниот земјоделски сектор. Според него, замрзнувањето на преговорите го загрозува и опстанокот на СТО. Американската преговарчка Сузан Шваб пак, изјави дека нејзината земја останува приврзана кон обврските од Доха-рундата. Но, САД бараат од Европската унија намалување на увозните царини за земјоделските производи. Од сето тоа со куси ракави остануваат и натаму земјите во развој за кои аграрните пазари на развиените и натаму се затворени. Развиените за возврат барат земјите во развој да ги отворат пазарите за странските индустриски производи.
Експертот за СТО во германскиот институт за економија Сузане Дроге оценува:
„Замрзнувањето само за себе не е катастрофа. Очигледно дека е потребно партнерите во преговорите уште еднаш да се пресипитаат што сакаат да постигнат„.
Генералниот секретар на организацијата Паскал Лами реши да ги замрзне преговорите на неопределено време. Колку ќе трае тој период никој не знае.