1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер задоволен од турнејата во Азија

27 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anuz

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер извлече позитивен биланс од својата еднонеделна азиска турнеја. Во Виетнам и Кина тој се заложи за поголеми напори во заштитата на природната околина, а го постави и прашањето за човековите права. На крајот од турнејата Келер вчера ја посети кинеската стопанска метропола Шангај и одржа предавање на реномираниот универзитет Тонгѓи, основан пред 100 години од страна на еден германски лекар.