1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер не го помилува Клар

7 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6f

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер го одби помилувањето на поранешниот припадник на Фракцијата на црвената армија, Кристијан Клар. Ова го соопшти портпарол на кабинетот на претседателот. Клар се наоѓа во затвор од ноември 1982 година, а минимумот казна му истекува во почетокот на 2009 година. Тој беше осуден на пектратна доживотна казна затвор поради учеството во убиствата на претседателот на работодавачите Ханс Мартин Шлајер, сојузниот обвинител Зигрфид Бубак и банкарот Јирген Понто.