1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кенијците најдобри на маратонот во Скопје

ЕМФ/макфакс6 мај 2012

Атлетичарите од Кенија доминираа на осмото издание на Скопскиот маратон. Тие ги однесоа победите во машка и женска конкуренција.

https://p.dw.com/p/14qnc
Фотографија: MIA

Кај мажите победи Патрик Мушеми Бамбуго, кој 42-километарската патека ја истрча со време од 2:26:41 часа, а зад Кениецот како второ и трето пласирани трката ја завршија Алексеј Трошкин од Русија и Марк Роиг од Шпанија. Трпе Мартиновски со освоеното седмо место беше најдобро пласиран од македонските преставници.

Кај дамите победи Сесилија Вангуи Варутумо, која истрча време од 2:54:58 часа. На маратонската трка настапија 113 атлетичари од кои 14 беа жени. Победниците освоија парична награда од по 1.700 евра.

На полумаратонската трка победи Саша Столиќ од Србија во машка, а во женска конкуренција најбрза беше Агнес Киш од Унгарија.

На делницата од 5 километри почестите ги однесоа Милош Данчиќ и Росица Костова од Македонија.

Скопскиот маратон оваа година ги урна сите рекорди, бидејќи во сите трки имаше 3.000 учесници.