1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

070211 Banker Boni

18 февруари 2011

Иако високите приходи на трговците со хартии од вредност ја разгореа финансиската криза, во „игрите“ околу плаќањето во банките се наѕираат нови ексцеси. Дали правилата на владите се премногу слаби?

https://p.dw.com/p/10Gp3
Фотографија: picture-alliance/dpa/DW-Montage

Михаел Адамс е соговорник кој аргументира мирно. На прашањето дали банкарите во иднина треба да добиваат само фиксно определена плата и да не примаат бонуси, кои се добиваат во зависност од успехот на нивната работа, професорот по економско право на Универзитетот Хамбург, има јасен одговор:

„Банкарската бранша е ориентирана кон натпревар, куп многу надарени луѓе се влеваат во нејзе и се обидуваат да бидат добро платени. Значи таму владее безгранична конкурентност. Ако банките им даваат големи плати, за тоа има причини. Постигнувањето на поединците може да се измери прецизно и тоа постигнување банките го ценат.“

Кој постигнува екстремно многу и за банките носи големи добивки, тој мора и да заработи многу. Затоа не е разумно да се има нешто против системот на бонуси. Фиксни плати би спречиле екстремен ангажман, оценува Адамс:

Wirtschaft Alukoffer mit Eurogeldscheinen im Vordergrund
Ако банките даваат големи плати, за тоа има причини, вели Михаел АдамсФотографија: Fotolia/Franz Pfluegl

„Потребни ни‘ се банки, потребни ни‘ се и надарени луѓе во тие банки. Тоа е како хидрауличен систем во авион - без него авионот не може да се управува. Тоа е средството за подмачкување на целото економско работење. На овие места се потребни многу добро образувани, надарени луѓе кои заработуваат многу.“

Бонуси во милионски износи

Ваквата оценка се чини е соодветна на бизнис-филозофијата на интернационалните големи банки. Светот е на половина пат да ја надмине кризата, а младите банкари, покрај годишните приходи од околу 90.000 евра, добиваат и бонуси во ист таков износ, и тоа во, условно речено, „скромниот“ банкарски и финансиски центар - Франкфурт.

Во Лондон и на Вол Стрит на врвните банкари веќе им се исплаќаат бонуси во милионски износи.

„Затоа постојат цели тимови, кои како платеници се селат од банка во банка, но за банките носат понекогаш решавачки добивки“, забележува Михаел Адамс критички. Неговиот колега Јозеф Виланд, кој на Универзитетот Констанц предава економска етика, е појасен:

„Овие луѓе на некој начин немаат лојалност кон една институција, кон банките за кои работат. Тие се интересираат само за пари, ако добро сфаќам, и тоа не само за пари, туку за што е можно повеќе пари.“

Talfahrt der Börsen Wall Street New York
Во Лондон и на Вол Стрит на врвните банкари веќе им се исплаќаат бонуси во милионски износиФотографија: AP

Виланд, во тој контекст, зборува за „хоби на множење капитал“, кое во екстремен случај може да доведе до тоа “цело општество да се најде приклештено до ѕид“, како што покажаа последиците од последната голема економска и финансиска криза.

Да заработуваат тие што прават „одржливи зделки“

Европскиот банкарски надзор реагираше и усвои насоки за да ги покрие екстра-плаќањата - не брзите успеси од продажбата, туку долгорочните претприемачки цели на банките би требало да бидат основа за пресметка на провизии. Не големи кеш-исплати, туку опции со акции за наредните години би требало да ги доведат трговците со хартии од вредност на вистинскиот пат. Во превод - само оној кој прави „одржливи“ бизниси, ќе заработува многу во сферата на бонуси.

Доколку овие правила не се доволни, економскиот етичар Виланд се залага за уште построги правила:

„Мислам дека доколку банките не излезат сами на крај со стандардите на однесување, со спроведување на стандардите за да се запрат ваквите феномени, тогаш прашањето на државно регулирање на оваа сфера повторно ќе се наметне. Притоа, мора да се има предвид дека ова регулирање денес почнува на ниво, каде во изминатите 20 години постојано дерегулиравме.“

Symbolbild Festgehalt Bonus
Досега важеше - помала фиксна плата, голем бонус. Отсега работите треба да се променат,но...

За да нема големи бонуси, ги зголемија фиксните плати

За да го компензираат отпаѓањето на „брзите пари“, во превод годишните бонуси, многу банки значително ги зголемија фиксните плати. Екстра плаќањата се пониски и се даваат такаречи на рати, мерка која би морало да биде доволна за да го изостри слухот на банкарите за постоечкиот ризик, смета економскиот правник Адамс:

„Повеќето претпријатија почнуваат да ги исплаќаат бонусите на период од повеќе години, што за банкарите е јасна порака: ’Ако продадеш лош продукт (на хартија), тоа во иднина ќе се одрази на твојот бонус, доколку работите тргнат надолу.’ Со тоа во основа е ’амортизиран’ поттикот за измама. Значи, оваа криза, сепак, беше поучна во многу делови.“

Автор: Клаус Улрих / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска