1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ким Јонг Ун официјално е врховен командант на војската

31 декември 2011

По назначувањето за „нов врховен водач“ на Северна Кореја, синот на починатиот властодржец Ким Јонг Ил сега и официјално е прогласен за главен командант на армијата.

https://p.dw.com/p/13cFg
Ким Јонг Ун ги „пожнеа“ сите титулиФотографија: dapd

Северна Кореја официјално го именува Ким Јонг Ун за врховен командант по 13-дневната жалост за неговиот татко Ким Јонг Ил. Ким Јонг Ун веќе во четвртокот беше прогласен за „врховен лидер“ на земјата за време на погребната церемонија за неговиот татко, а титулата врховен командант ја доби вчера на состанокот на Политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја.

„Драгиот почитуван Ким Јонг Ун ја презеде врховната команда над војската на корејскиот народ согласно тестаментот на Ким Јонг Ил од 8 октомври“, се наведува во соопштението.

Новиот лидер на Северна Кореја од смртта на неговиот татко на 17 декември, од владата и медиумите доби голем број титули.

29-годишниот нов лидер застанува на чело на армијата која брои 1,2 милиони војници, која важи за најголема во светот. Државата во која живеат 24 милиони луѓе е и натаму отсечена од светот. Во изминатите 17 години владеење на Ким Јонг Ил од глад во земјата умреле околу еден милион луѓе.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска