1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина влегува на светскиот авио-пазар!

R.Wenkel22 март 2007

Во моментите кога се соопштуваше дека „Ербасовиот„ џин А 380 со успех го изведе првиот прекуокеански лет до Њујорк со комплетен екипаж и патници, од Пекинг стигна скор сензационална вест: владата даде зелено светло за амбициозните планови за развој на кинески голем патнички авион со 150 седишта. На тој начин „Ербас„ и „Боинг„, досегашните небески џинови, ќе добијат конкуренција која никако не смее да се по

https://p.dw.com/p/AeJ0
Наскоро и кинески авио-џинови?
Наскоро и кинески авио-џинови?Фотографија: AP

тцени.

Кина размислува сосем сериозно. Ако плановите за изградба на патнички авион ги соопштува државниот совет, тогаш тие практично имаат законски карактер, велат посматрачите. Досега европскиот концерн Ербас и американскиот Боинг меѓу себе го делеа скоро целиот пазар во светот. Дали сега се заканува сериозна конкуренција? Новинарот Ахим Фиген експерт за авио индустријата:

„Среднорочно во секој случај. Ќе беше многу чудно ако Кинезите, кои влегуваат во скоро сите други индустриски гранки, да не се обидат и во воздушниот сообраќај„.

Кинескиот воздухопловен пазар во изминатите години страотно се разви. Бројот патници во минатата година порасна за 15 проценти, односно на 160 милиони. Ниту една друга земја нема вакви стапки на пораст. До 2010 година кинеските авио-компании имаат намера својата флота да ја зголемат на илјада и 500 авиони. Оттаму, сосема е разбирливо да развијат и сопствени машини. Меѓутоа, новинарот Ахим Фиген предупредува:

„Технолошките пречки во изградбата авиони се многу поголеми отколку во многу други индустриски гранки. Многу нации се обидоа да изградат поголеми патнички авиони, а тоа беше направено и во Кина со изградбата на 707. Меѓутоа, со добивањето лиценца тоа не успеа баш многу„.

Кинезите досега всушност, изградија само еден авион за регионални релации. Таканаречениот АРЈ-21 за 105 патиници е непосредно пред финализација и на пазарот ќе се појави по две години. Но, меѓу регионален авион за сопствени потреби и авион за долги релации што би се појавил на светскиот пазар, патот е доста долг. Тоа се покажа дури и во земјите со високо развиена технологија: најречит е примерот на Ербас со А 380. Ахим Фиген укажува:

„Притоа и за уште еден аспект. Збор е за сервисирање и одржување на авионите по продажбата. И за тоа се потребни докази: дека може се’ да се направи и надвор од сопствените граници. Зашто и во Русија има употребливи производи, меѓутоа не можат да се извезуваат токму од тие причини. Според тоа, пред 2020 година не можеме да очекуваме многу„.

Сепак, и други големи земји во развој како Бразил или Индија започнаа со развој на сопствена авионска индустрија. Кинеските експерти пак, сметаат дека ќе можат првите сопствени големи авиони да ги претстават на светскиот пазар по 13 години. Премногу оптимистички, сметаат експертите. Но, Кина е Кина...