1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина - најнизок пораст во последните осум години

5 март 2012

Кина одамна не очекувала толку мал пораст како сега - Пекинг ја корегираше прогнозата за пораст на најниско ниво во последните осум години. Должничката криза го кочи извозот, државните финансии страдаат.

https://p.dw.com/p/14F6N
Фотографија: Reuters

Кинескиот премиер Вен Џиабао очекува пораст од 7,5 проценти годинава - што е најниска прогноза во последните осум години. На почетокот на годишното собрание на Народниот конгрес во Пекинг, Вен побара поголем поттик на домашната потрошувачка. Според кинескиот премиер, брзиот пораст во земјата е „неодмерен, некоординиран и неодржлив“. Развојот мора да стане „поодржлив и пофикасен“, рече Вен во својот речиси двочасовен говор. Кризата ги става под притисок кинеските државни финансии. Министерството за финансии во својот предлог буџет предупредува од опасност од „значајни неурамнотежености меѓу приходите и расходите“.

Wen Jiabao, Eröfnung des Chinesischen Volkskongresses in Peking
Вен ЏиабаоФотографија: Reuters

Кина годинава, според финансиските експерти, ќе има дефицит во државниот буџет од 9 милијарди евра, или 1,5 проценти од брутодомашниот производ. Поради должничката криза во Европа и слабата конјуктура во САД, лоши се и изгледите на извозот. Министерството за развој и реформи предвидува дека порастот на надворешно-трговското работење ќе биде двојно помал од минатата година и ќе изнесува околу 10 проценти. Во предлог буџетот се бара да биде најдена рамнотежа меѓу порастот, реструктуирањето на економијата и контролирањето на инфлацијата. Финансиската политика мора да биде „пофлексибилна“.

Народниот конгрес ќе заседава десет дена. Предлог буџетот би требало да биде прифатен заедно со другите извештаи до 14 март.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Александар Методијев