1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина не остана имуна на последиците од кризата

Циндел Дагмар3 февруари 2009

Третата најголема економија во светот е соочена со проблеми. Властите во Пекинг сметаат дека 2009 година ќе биде најтешка од влезот во новиот милениум. Посебно е погоден пазарот на труд во земјата.

https://p.dw.com/p/GmZg
Работници на полиња со оризФотографија: AP

Актуелната финансиска и економска криза во светот предизвикува големи последици врз кинеската економија. Посебно се погодени работниците кои ги напуштаат своите домови и се селат од град во град во потрага по егзистенција. Последниов период најголем дел од нив пристигнуваат во главниот град на Кина, Пекинг, кој стана најатрактивна дестинација откако голем број фабрики во внатрешноста на земјата ставија клуч. Голем дел од работниците кои пристигнуваат на железничката станица во Пекинг се од регионот Гуангдонг. Тие велат дека причината за нивната миграција е финансиската криза. Многу работници во Гуангдонг се отпуштени, а повеќе фабрики банкротирале. Инаку станува збор за провинција каде беше главнината на кинескиот економски раст. Според информациите таму одеднаш запреле со работа стотици фабрики. Чен Ѓивен од службата за покраински развој вели дека повеќе од 20 милиони работници мигранти ги загубиле своите работни места, или не се во состојба да најдат работа бидејќи економијата во земјата загубила на сила.

Workers carrying barrels to hold rubber latex walk through a rubber plantation
Земјоделците одат по работа во фабриките, но тие се затвораатФотографија: AP

Страв од социјални немири

Властите во Пекинг во меѓувреме се во состојба на аларм. Тие стравуваат од социјални немири бидејќи бројката на невработени е во пораст. Како против мерка која треба да помогне за раст на којнуктурата државата планира финансиска помош во износ од 500 милијарди евра. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажаа дека кинескиот економски развој е на најниско нив во последните седум години. По пет годишен двоцифрен економски раст, прогнозите се дека тој во 2009 година ќе изнесува седум проценти.