1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина пријави значителен плус на извозот

СН/ртр/апе/дпа8 мај 2013

Извозот на најголемиот светски извозник Кина значително се зголемил, а голем раст забележал и увозот. Дали земјата ја надмина фазата на слабост? Експертите се скептични.

https://p.dw.com/p/18UAS
Фотографија: dapd

Извозот на Кина во април годинава забалежал раст од 14,7 проценти, што е значително повеќе од очекувањата. Раководството на кинеската царина денеска во Пекинг соопшти дека и изозоот забележал голем раст од 16,8 проценти во споредба со април минатата година. Оптимитичките бројки за надворешната трговија укажуваат на натамошно заздравување на втората по големина економија во светот.

Меѓутоа експертите се сомневаат во точноста на овие податоци: не сум многу уверен дека тие ја отсликуваат реалноста“ изјави генералниот директор за Кина во инвестициската банка Номура, Живеи Жанг.

„Бројките за трговијата ми се сомнителни“, изјави тој за светските новински агенции. Многу набљудувачи сметаат дека зголеменјите бројки за кинескиот извоз се должат на ектремниот раст на извозот за Хонгконг, кој изнесувал 57 проценти. Причина за ваквиот раст меѓутоа не е растечката побарувачка. Експертите, како Тинг Лу од Бенк оф Америка, сметаат дека значителниот раст пред се’ се заснова на избегнување на контролите на движењето на капиталот и на шпекулации со курсот за валутна размена.

Многу кинески претпријатија имено пријавуваат високи бројки на извоз во Хонгконг за да можат таму своите пари полесно да ги претворат во долари и да да ги избегнат контролите на капиталот.

Брутодомашниот производ на Кина во првиот квартал годинава пораснал за 7,7 проценти, што е помалку од очекувањата. Најголемиот извозник во светот се соочува со слабата побарувачка од неговиот најважен регион за извоз - Европа.