1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина протестира поради американската награда за Далај Лама

16 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrQr

Кина најостро ја осудува одлуката на американскиот Конгрес да му додели награда на тибетскиот водач во егзил Далај Лама. Ова сериозно ќе ги влоши односите меѓу двете земји, соопшти портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, додавајќи дека Пекинг се надева оти САД ќе ја поправат грешката и ќе престанат да се мешаат во внатрешните работи на Кина. Според американски извори во знак на протест против ваквата одлука на Конгресот, Кина се повлекува и од состанокот на кој неделава во Берлин петте постојани членки на СБ и Германија требаше да разговараат околу нови санкции за Иран. Состанокот за Иран најверојатно ќе се одржи следната недела. Инаку, властите во Пекинг го обвинуваат Далај Лама за сепаратизам.