1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина со национален план за заштита на климата

16 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNd

Шефот на кинеската влада Вен Џијабао најави национален акционен план за заштита на климата. Тој рече дека Кина е подготвена да ја намали потрошувачката на енергија и оти принципиелно се залага за целите од договорот од Кјото за намалување на емисиите на гасови, иако таму не се пропишани цели за земјите во развој. Кина по САД е втор најголем продуцент на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.