1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина со национален план за заштита на климата

16 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNn

Шефот на кинеската влада Вен Џијабао најави национален акционен план за заштита на климата. Тој рече дека Кина е подготвена да ја намали потрошувачката на енергија и оти принципиелно се залага за целите од договорот од Кјото за намалување на емисиите на гасови, иако таму не се пропишани цели за земјите во развој. Кина по САД е втор најголем продуцент на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Во меѓувреме во Потсдам се одржува состанок на министрите за екологија на земјите на Г8, а на средбата се поканети и нивните колеги од Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка. Германскиот министер Зигмар Габриел, домаќин на средбата, се залага за засилена меѓународна соработка за намалување на емисиите на гасови кои се штетни за климата.