1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинескиот пазар експандира

22 октомври 2003
https://p.dw.com/p/AeSp

По влегувањето на Кина во Светската трговска органаизација се повеќе претпријатија од Западот се интересираат за овој пазар. Во последно време се повеќе германски фирми основаат сестрински концерни. Имено перспективите за развој се чинат бескрајни - за стагнација во Кина воопшто не станува збор. Јенс Турау ги има поединостите:

Економијата во Кина експандира. За овдешни односи во огроманата држава со 1,2 милијарди жители стапките на пораст од 7 или 8 процценти се одлични. Германија не сака да стои на страна: од околу 53 милијарди евра на странски директни инвестиции во 2002, 1,4 милијарди дојдоа од Германија - со тоа Германија е најважниот европски инвеститор.
По покана на магазинот "Виртшафтсвохе" околу 40 топ менаџери од двете земји допатуваа во Берлин, за да направат биланс. Клаус Грим е раководителот на канцеларијата на Германското стопанство во Шангај. Тој знае колку германски претпријатија се застапени во Кина

" Денеска беше кажано: Околу 1600 претпријатија , според моја проценка се околу 2000. Особено во последните години станавме посилни. Средните претријатија сега доаѓаат и имам впечаток дека тие дури сега вистински ја открија Кина. "

До пред неколку години во Кина се ангажираа пред се' големите индустриски концерни - во форма на Џоинт Венчр со некое кинеско државно претпријатие. На тој начин започна тамошното економско чудо - со производни капацитети што функционираат како продолжена рака на германските фирми и служат за ефтини производи, кои пак повторно наоѓаат примена во богатите индустриски земји. Денеска германското стопанство произведува на кинеска почва поради тамошниот пазар. 30.000 Кинези студитраат во Германија, обратно многу малку Германци заминуваат во Азија. Тоа е едена од малкуте критикувани тоички, според Лојд Хинг Хонг

" Германија има многу компетентни производители, добри производи и многу добар инжињерски кадар. Ние дури сега почнуваме. Нашиот инжињерски кадар, истражувањето и развојот се се'уште многу слаби. Но, имаме голем пазар кој расте и евтинна работна сила."

85 проценти од инвеститорите се заинтересирани за источниот брег на Кина односно Шангај и Пекинг. Сиромашниот западен дел се'уште е недоволно згрижен, социјалните разлики се големи.

Централниот комитет на комунистичката партија на Кина неодамна се занимаваше со чувствителната тема, дали приватната сопственост треба да биде заштитена со уставот. Странските фирми, имено, се'уште не можат да купат земјиште во Кина. Но, и покрај ваквите проблеми Кина е се' позначаен пазар.