1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинескиот претседател му пружи рака на помирување на Тајван

9 октомври 2011

Кинескиот претседател Ху Џинтао повика на мирољубиво обединување на Кина и Тајван. Ху држеше говор по повод стогодишнината од Кинеската револуција во 1911 година, кога е симната царската власт и воспоставена република.

https://p.dw.com/p/12oVf
Салата на кинескиот парламентФотографија: AP

На големиот собир во кинескиот парламент, пред околу две илјади највисоки кинески личности и пред големиот портрет на Сун Јатсен, инспираторот и водачот на Кинеската револуција во 1911 година, Ху Џинтао денеска (09.10) отфрли можност Кина да го признае Тајван:

„Во најголем и основен интерес на кинескиот народ, а и на нашите сонародници од Тајван, би било повторното обединување на мирен начин“, рече кинескиот  претседател, додавајќи дека Кина „мора да го зајакне своето спротивставување на независноста на Тајван“, но и да „ја зајакне соработката и размената меѓу сонародниците на двете страни“. Според него, двете страни треба да ја зајакнат својата конкурентност, треба да работат на промоција на кинеската култура и да развијат заеднички национален идентитет.

NO FLASH Hu Jintao
Ху Џинтао смета дека Кина и Тајван треба да ја зајакнат соработкатаФотографија: dapd

Тајван де факто стекна независност по завршувањето на граѓанската војна во 1949 година, но Пекинг го смета за свој неотуѓив дел. По изборот на Ма Јинг Џеу за претседател на Тајван во 2008 година, кој се залага за јакнење на врските со Кина, односите на двете страни се подобри од кога и да е во последните 60 години. Кина е главен трговски партнер на Тајван и прва дестинација на тајванските инвеститори.

Автор: ЕМФ/СН/дапд/бета

Редактор: С. Недевски