1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеските години на изобилство се минато

Дагмар Циндел/ Александра Трајковска5 август 2013

Стопанството во Кина повеќе не бележи пораст како во изминатите години. Владата се наоѓа пред нов предизвик да воспостави социјален баланс и оддржлив економски пораст, и повторно да може да се дише на улиците на Пекинг.

https://p.dw.com/p/19JyW
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кина го губи здивот и тоа не само поради екстремното загадување на воздухот. Стопанскиот развој значително забавува. Повеќе од илјада претпријатија годинава мораа да ги намалат производството и прекумерните капацитети. Има помалку налози од Европа, југоисточна Азија и САД поради намалената побарувачка. Вработувањето опадна значително, како што не беше случај со години.

Во 2007 година Кина ја доживеа кулминацијата, со пораст од над 14 проценти. Оттогаш полека опаѓа стопанскиот пораст. За годинава експертите очекуваат пораст од седум проценти, ако воопшто биде постигнат.

Неверојатниот пораст од последните години беше платен пред се' со обилно ставање пари и кредити на располагање. Кинеската влада веќе најави дека нема да допушти пораст под седум проценти. Таа сега има намера да ја поттикне конјунктурата со инвестиции за надградба на инфраструктурата, пред се' во големите градови. Многумина Кинези се селат таму - во потрага по работа и подобар живот.